ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Шкријељ: Раководството на СОНК дејствува уценувачки на штета на учениците, наставата мора да продолжи

Повеќе од десет дена децата се надвор од образовниот процес и тоа во период кој е исклучително важен за учебната година, но и за уписите на полуматураните и матурантите...Учениците мора да се вратат на настава, затоа што последиците со кои веќе се соочуваат негативно влијаат не само врз образованиот процес, туку и врз нивниот личен развој. Себично, недозволиво и неодговорно е учениците десет дена да бидат надвор од училишните клупи само заради лични политички агенди на поединци од раководството на СОНК.

April 27, 2022 13:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Повеќе од десет дена децата се надвор од образовниот процес и тоа во период кој е исклучително важен за учебната година, но и за уписите на полуматураните и матурантите. Раководството на СОНК, на двапати одбива предлог за зголемување на платите, како и нов Општ колективен договор за континуиран раст на платите во образованието и детската заштита и сето тоа во најголема глобална економска криза. Ова не е ништо друго освен уцена од страна на раководството на СОНК, на штета на учениците и наставниот процес, рече на денешната прес-конференција Санела Шкријељ, пратеничка од редовите на СДСМ.

„Учениците мора да се вратат на настава, затоа што последиците со кои веќе се соочуваат негативно влијаат не само врз образованиот процес, туку и врз нивниот личен развој. Себично, недозволиво и неодговорно е учениците десет дена да бидат надвор од училишните клупи само заради лични политички агенди на поединци од раководството на СОНК.


Правото на децата за образование е уставно загарантирано и не смее да се дозволи некој заради политичка агенда да им го загрозува.

Државата, институциите имаат обврска да обезбедат продолжување на наставата, целосно исполнување на наставните програми во училиштата и тоа ќе го сторат.

Правата на децата се над сè и интересот на децата мора да ни биде на прво место.

Никој не смее и нема да го нарушува правото на образование на децата и со тоа да ја загрозува нивната иднина“, рече Шкријељ.

Next Post

Ковачевски - Вархеји: Деблокадата на евроинтеграциите е потреба и моментот е сега

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk