Холандија денеска повторно ја отвора својата амбасада во Кијив, соопшти холандското Министерство за надворешни работи.
– Мал тим на амбасадата во Кијив ќе соработува блиску со украинските власти и со други партнерски земји чии службеници се вратени, напиша на Твитер холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра.
Тој нагласи дека важно е неговата земја да ѝ пружи поддршка на Украина на терен.
Холандија го повлече својот дипломатски персонал од Украина, два дена по почетокот на руската инвазија на 24 февруари.
Минатата недела, земјата повторно ја отвори својата амбасада во Лавов, во западниот дел на Украина.
Амбасадата на Холандија во Кијив извесно време нема да дава конзуларна помош.
Неколку други европски држави, вклучувајќи ја и Франција, неодамна објавија за повторно отворање на своите амбасади во Кијив.