ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нуредини: Приоритет се капитални проекти за водоснабдување, одведување и пречистување на отпадни води и воспоставување на регионалните системи за управување со отпадот

April 29, 2022 18:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на Форумот „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија”што денес се одржа во Национална опера и балет, во панелот на кој министерите одговараа на поставенитe прашања, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини зборуваше за приретизацијата на областа животната средина во стратешката агенда на Владата на Република Северна Македонија. Тој истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање  цврсто стои на исполнување на трасираните амбициозни стратешки цели, јасно дефинирани за различните области на животната средина.

– Можам да кажам дека во овој  нов министерски мандат што го добив во ресорот животна средина, продолжуваме со активностите за реализација на капиталните проекти во кои приоритет имаат обезбедување на системи за водоснабдување за секое населено место во државата и одведување на отпадните води, воспоставување на регионалиот систем за управување со отпадот и воспоствување на циркуларна економија. Ова се капитални проекти што имаат директен бенефит за граѓаните и влијааат врз обезбедување на основните предуслови за квалитетен живот. Интензивно се работи и на  зголемување на територијата на заштитени подрачја што индиректно значи поквалитетен и во поздрав живот за населението, но и отварање на нови можности за социо-економски развој. Ќе ги споменам неодамна прогласениот нов национален парк Шар Планина, и новото заштитено подрачје Малешево- истакна Нуредини.

Министерот Нуредини посочи дека во делот на управување со водите согласно Програмата за управување со водите за 2022 година, МЖСПП обезбеди  над 50 милиони денери за изградба на нови и одржување и унапредување на постојни јавни водоснабдителни објекти и регулација на водотеци заради заштита од штетно дејство на водите. Исто така, во овие први 100 дена, во рамки на Програмата за подобрување на отпорноста/флексибилност кон поплавите во Полошкиот Регион, започнат е проектот за регулација на речно корито на Боговињска Река, како и регулација на речното корито во село Шипковица, за што МЖСПП одвои 10 милиони денари како контрибуција во проектот што се спроведува во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка со грант од приближно 1,2 милиони евра.

Во делот на пречистување на отпадните води важно место имаат проектите за изградба на пречистителни станици за отпадни води што се во тек или се планираат во  ИПА програмите финансирани со помош на Европската Унија.

Нуредини ги најави преговорите со Европска банка за обнова и развој  и Европска инвестициона банка за обезбедување на две кредитни линии (ЕБОР – 55 милиони евра и ЕИБ – 50 милиони евра).  Едната за потребите за финализирање на воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпадот и циркуларната економија, а другата за водоснабдување и прочистување на отпадните води, што реално се очекува да завршат до јули месец со склучување на договори.

–  Сметам дека и како Влада и како Министерство постигнавме голем успех што чистењето на линданот и неговите изомери од малата депонија во ОХИС е доведено во завршна фаза и се очекува на почетокот на месец мај да почне транспортот на првите количини на токсичниот линдан за согорување во Франција и што успеавме да ја анимираме и меѓунарoдната донаторска заедница за да обезбедиме средства за продолжување на процесот – додаде Нуредини.

Во делот на мониторинг на квалитетот на амбиенталниот воздух Нуредини ги посочи двете нови мерни станици на квалитет на воздухот, во Берово и Прилеп, што се за прв пат финансирани исклучиво од сопствен буџет во висина од 12 милиони денари.

Исто така и унапредувањето на законскaта регулатива на што МЖСПП напорно работеше во изминатиот период  резултираше со неодамнешно усвојување на Законот за инспекциски надзор во животнaта средина, потоа Измените и дополнувања на Законот за животна средина, со кои се создаде механизам за санирање на историското загадување во државата со што се создадоа услови за решавање и на другите жешки точки резултат на историското загадување во државата,  а во тек се постапките за изработка и усвојување на Законот за индустриски емисии, Законот за климатска акција и Законот за води.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Суспендиран британски пратеник обвинет за гледање порнографија во Парламентот

НАЈНОВО

Кац нареди ИДФ да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас

October 12, 2025

Локални избори во Косово – на гласачкото ливче има 93 политички субјекти – 32 партии

October 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху на собир во Тел Авив

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk