ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Внесувањето на Бугарите во Уставот е созревање на процесот, но не пред почетокот на преговорите со ЕУ

Османи изрази стравување дека после оваа шанса, ќе има се помалку политички капитал, енергија, храброст од било кој политичар за решавање на спорот со Бугарија.

April 29, 2022 08:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оцени дека внесувањето на Бугарите во Уставот е созревање на процесот и оти тоа е најдоброто решение, но дека тоа не можеме да го направиме пред почетокот на преговорите со Европската Унија.

– Тоа е најдоброто вин-вин во оваа дебата. Сепак тоа не можеме да го направиме пред почетокот на преговорите со ЕУ. Ако нема решение скоро, мислам се помалку енергија и политички капитал за да се преземе одговорност и да се влезе храбро, додаде шефот на македонската дипломатија, рече Османи во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Османи изрази стравување дека после оваа шанса, ќе има се помалку политички капитал, енергија, храброст од било кој политичар за решавање на спорот со Бугарија.

Според него, ќе се чека од Европската Унија да каже што понатаму бидејќи ние сме направиле се што сме можеле и не можеле.

– Целиот свет знае што ние направивме, така да топката веќе не е во наша половина, вели Османи.

Тој, во врска со најавата на премиерот Ковачевски за отворање македонски културен центар во Благоевград, рече дека до крајот на годината тоа би можело да се изреализира.

– Имаме еден културен центар во Софија и според нашите проценки, можеме да отвориме во било кој друг град, што би го финансирала Владата. Секако мораме прво да испратиме барање и да го известиме бугарското МНР. До крајот на годината би можело да се реализира, рече Османи во врска евентуалното отворање македонски културен центар во Благоевград.

Според него, историчарите треба да бидат прашани за името на тој центар.

– Ковачевски ќе комуницира со премиерот Петков, изјави Османи.

Вчера, премиерот Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ за тоа што тој ќе направи за бугарскиот културен центар во Битола што носи име на фашист, кажа дека има во план директно да го информира неговиот бугарски колега Кирил Петков, дека како Влада, во текот на оваа година, имаат намера да отворат културен центар на Република Северна Македонија во Благоевград.

Османи, на прашањето дали има услов од ВМРО-ДПМНЕ за да гласаат за внесување на Бугарите во Уставот, за предвремени парламентарни избори, тој вели оти тоа би било политичко самоубиство.

– Јас се надевам дека тоа нема да го кажат јавно, затоа што јас да сум граѓанин и ова важно прашање да ми го врзат со политичката иднина и кариера на некој од политичарите, навистина тоа би било политичко самоубиство за секој што ќе го каже, вели Османи. /MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Штрајкот во образованието ставен во мирување, дел од членството на СОНК незадоволно

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk