ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска-Балфорт: Северна Македонија е подготвена, потребен е брз почеток на пристапните преговори

April 29, 2022 11:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Петровска утрово се сретна со Јоанеке Балфорт, директорка за безбедносна и одбранбена политика на Европската служба за надворешно дејствување, која е во посета на Северна Македонија, информираат од Министерството за одбрана.

На средбата, министерката Петровска се осврна на потребата за видлива и брза европска перспектива на земјите од регионот, која е исклучително важна особено во овие времиња на безбедносни предизвици на континентот. Додаде дека овој процес влијае и на кредибилноста на Унијата.

„Западниот Балкан мора да биде високо на агендата на Европската Унија. ЕУ мора да биде решителна и што поскоро да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија“, порача министерката Петровска на средбата.

Таа истакна дека Заедничката безбедносна и одбранбена политика е уште една алатка за зацврстување на односите со регионот, а надворешната политика на Северна Македонија е целосно во согласност со оваа безбедносна и одбранбена политика на Унијата.

Директорката за безбедносна и одбранбена политика во оваа европска служба, Балфорт истакна дека Северна Македонија е подготвена за почеток на преговори.

„Се надеваме дека ќе можеме брзо да ги започнеме пристапните преговори, што ќе даде исклучително позитивен импулс. Северна Македонија е подготвена за овој процес“, порача Балфорт. Таа се заблагодари за целосната усогласеност на надворешната политика на Северна Македонија со Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата.

Во однос на соработката помеѓу НАТО и ЕУ, Петровска и Балфорт заклучија дека и двете организации имаат заеднички предизвици кои бараат заеднички решенија. Истакнаа дека и НАТО и ЕУ мора да работат заедно на многу прашања, особено во градењето отпорност против заканите.

На средбата стана збор и за блиската соработка во градењето на капацитети во справувањето со хибридните закани и особено дезинформациите, како предизвик со кој се соочуваат и земјите од Западниот Балкан и членките на Унијата.

Северна Македонија од 2006 година дава свој придонес во операцијата ЕУФОР-АЛТЕА во Босна и Херцеговина, а од 2020 година е дел и од тренинг-мисијата на ЕУ во Централноафриканската Република.

Next Post

Ковачевски: Карактеристика на оваа Влада е ефикасно, чесно и одговорно владеење и работа, а тоа се гледа и во стабилниот Буџет

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk