ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Преку старо видео и лажен превод се манипулира дека Зеленски вечерал со нацисти од Азов

April 29, 2022 20:09
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Видеото е дел од подолг видео материјал од 24 минути кое Зеленски самиот го има објавено на својот Фејсбук профил, а за кое имаат известувано и украинските медиуми. Од датумот во новинарските написи, евидентно е дека видеото потекнува од 2019 година, за што сведочат и фотографии објавени на веб-страницата на претседателот. Во случајов не станува збор за средба со нацисти од Азов, туку со воена единица кај селото Золоте во луганската област пред три години, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, каде е споделено видео од 1.5 минута, за кое се тврди дека го портретира украинскиот претседател Володимир Зеленски „како вечера со нацистите од Азов баталјонот”.

Во објавата пишува:

Скандалозно видео со Зеленски како се договара со нацистите да убиваат луѓе како во Буча. Видеото е од тајната Телеграм група Азов. Ова нема да се види на телевизија. Со бугарски титл.

На видеото навистина се гледа претседателот на Украина, Зеленски, како вечера со војници, ама тие не се од Азов, туку се воена единица кај селото Золоте во луганската област. Бугарските преводи, односно титлот, немаат никаква врска со зборовите кои украинскиот претседател и неговите соговорници ги разменуваат, а се однесуваат на сосема различни теми.

Целта на ова измамничко видео е да таргетира луѓе кои не разбираат украински и кои лесно можат да бидат измамени од лажните преводи кои се презентираат во текот на видеото под конверзациите што Зеленски ги има со војниците. Истото видео го има и на Јутјуб, на канал со мала видливост и нема голем број прегледи.

Во видеото Зеленски зборува со Олег Микац, украински војник кој во 2019 година, кога е и снимено видеото, бил командант на силите на оперативно тактичката група Луганск. Потоа, присутни се војници од групата Луганск, советници на Зеленски, обезбедувањето на претседателот и готвачите.

Во видеото украинскиот претседател вечерал со војската на одборот Луганск на вооружените сили на Украина. Зеленски не дава никакви инструкции, туку разговара за претстојното раздвојување на војниците во атарот на селото Золоте. Буча воопшто не се споменува. Зеленски сака да ги провери позициите на украинските војници во ноќните часови, кога руските војници најинтензивно пукаат.

Проверувачи на факти од Бугарија, пишуваат дека ова видео е уште еден неуспешен обид да се амнестира руската војска за злосторствата во Буча. Тие имаат направено и целосен превод на титловите кои се лажно презентирани во видеото на постот што го рецензираме.

Видеото е дел од подолг видео материјал од 24 минути кое Зеленски самиот го има објавено на својот Фејсбук профил, а за кое имаат известувано и украинските медиуми.

Меѓу нив е и Киев Пост.

Од датумот во новинарскиот напис, евидентно е дека видеото потекнува од 2019 година.

Според написот, Зеленски ноќевал во градот Золоте во луганската област на Украина.

И на официјалната веб страница на претседателот Зеленски, објавена е информација со фотографии од посетата.

Според тоа соопштение, Зеленски се интересирал за условите за живот, социјалните потреби на цивилите и на војската. Една од дискутираните теми била и можна сепарација на трупите. Тој се сретнал и со група вооружени мажи кои се сместиле во приватен дом на излезот од Золоте.

Некои разговори беа емотивини. Сепак, имам волја да продолжам да зборувам и да барам взаемно разбирање. Но, не може да се заврши војна со разговори. Важно ми беше да ги слушнам Украинците кои се борат за мир. Ова е за мене главната работа. Мора да најдеме начин и да работиме да се заврши војната. Но, не по секоја цена, и тоа го потенцирам, изјавил Зеленски, како што е објавено на официјалната страница на пртеседателот на Украина. 

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека на видеото во постот што го рецензираме, не е претставен Зеленски како им зборува на војници да убиваат, како во Буча, а видеото не потекнува од сега, туку од 2019 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

July 18, 2025

САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии

July 18, 2025

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски втор ден молчи – дали поднел барање за бугарско државјанство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk