Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за ФРОНТЛАЈН по повод првомајските празници апелира до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите затоа што доколку сите ги почитуваме нема да имаме сообраќајни несреќи.
„Да, министерството за внатрешни работи и во овој празничен викенд ќе има засилени сообраќајни контроли, како впрочем што имавме изминатиот викенд кој што исто така беше празничен.
Она што можам да го кажам е дека минатиот викенд немавме сообраќајни несреќи со жртви и се надевам дека исто така и овој викенд ќе помине без сообраќајни несреќи со жртви, односно сообраќајни несреќи со тешки последици.
Апелирам до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите затоа што доколку сите ги почитуваме правилата и прописите нема да имаме сообраќајни несреќи.
Се разбира засилени се контролите и за мотоциклистите кои што се сè почесто сега отако се стопли времето на патиштата и на улиците.
Имаме засилени сообраќајни контроли секако и за прекршоци на возачи кои што не даваат предност на пешаци, но исто така и за прекршоци што ги прават пешаците. Се разбира стандардно контроли за зголемена брзина но и за другите сообраќајни прекршоци се со цел да обезбедиме што е можно побезбедни улици и патишта“, изјави Ангеловски.
М. Ацковска