ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски на Отворениот ден на полицијата: Ова раководство на МВР секогаш ќе биде во служба на граѓаните

April 30, 2022 16:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ова раководство на МВР секогаш ќе биде во служба на граѓаните, демонстрирајќи дека севкупната безбедност претставува врвен приоритет, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на Отворениот ден на полицијата со граѓаните што се одржа во големиот градски парк во Струмица.

Отворениот ден на полицијата се одбележува во рамки на одбележување на Денот на полицијата – 7 Мај, при што беше изложена опрема, вклучувајќи и дел од специјалните возила и хеликоптер. На настанот министерот Спасовски присуствуваше заедно со градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и граѓаните.

-Ќе се согласите со мене дека е невозможно да дискутираме за партнерство меѓу граѓаните и полицијата, без тоа партнерство да го промовираме на терен. Целта е нашите граѓани одблиску да се запознаат со работењето на полициските служби, нивните задачи, униформи, опрема, со сето она што значи индикатор на успех на нашиот план за континуирано материјално-техничко опремување и унапредување на капацитетите на полицијата, изјави министерот Спасовски.

Тој се осврна и на сработеното во изминатиот период во насока на остварување на приоритетот – задоволна полиција за безбедни граѓани.

-Ваквото малку поразлично чествување на Денот на македонската полиција претставува и одлична можност за едно порелаксирано дружење на нашите граѓани со припадниците од сите организациски единици на полицијата, кое покрај забавниот има и едукативен карактер во врска со полициската професија, а во интерес на сите генерации. Ова раководство на МВР секогаш ќе биде во служба на граѓаните, демонстрирајќи дека севкупната безбедност претставува врвен приоритет, додаде министерот Спасовски.

Тој информираше и за дополнителното покачување на платата за 5 отсто за сите вработени во МВР, почнувајќи од септември годинава, како и продолжување на активностите за создавањето подобри услови за работа преку реновирање на објектите на ОВР Берово, ОВР Делчево, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе. Преку капитални инвестиции во текот на 2022 година во тек е реконструкција на два витални објекти-Одделението за управни работи во Скопје и Центарот за обука во Идризово, како и една целосно нова градба – полициска станица во Аеродром.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов истакна дека Општината има одлична соработка со СВР Струмица и таа и понатаму ќе се унапредува.

Освен во Струмица вакви настани се организираа во Велес, Крива Паланка, Струга и Крушево, каде присуствуваа членови на најтесното раководство на МВР. /МИА/

Next Post

Имаме 45 отсто подготвеност, остануваме фокусирани на евроинтеграциите, порачува Маричиќ

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk