Во интервју за ФРОНТЛАЈН со Бојан Петровски, член на извршен одбор на ДОМ и претседател на Општинската организација на Демократската Обнова на Македонија – Ѓорче Петров, разговаравме за актуелните политички теми во Скопје и државата.
За штрајкот на СОНК, Петровски вели дека наставниците треба да излезат во пресрет на учениците и да се заврши оваа учебна година, навреме да се заврши матурата за да можат и матурантите да се запишат на факултет.
Во период кога владее криза и цените на производите се покачуваат секојдневно, нормално е граѓаните да бараат повеќе прилив на средства во своите домаќинства изјави Петровски.
Граѓанско и уставно право е наставниците и професорите, било кој граѓанин да протестира во барање на своите права. Едно од тие права е и покачувањето на платата. Во период кога владее криза и цените на производите се покачуваат секојдневно, нормално е граѓаните да бараат повеќе прилив на средства во своите домаќинства, во своите домови. Апсолутно поддржувам синдикати, тоа ми е мене идеолошки, центар лево сум по идеологија и сосема природно е да поддржувам синдикати и права на работници.
Петровски потенцираше дека наставниците треба да излезат во пресрет на учениците и да се заврши оваа учебна година, навреме да се заврши матурата за да можат и матурантите да се запишат на факултет.
Работничките права се човекови права, така што во секое време поддржувам протести на работници кои ги бараат своите права. Имено како што изјави премиерот пред неколку дена, постоеле некои управни одбори каде што директорите земале поголеми плати од претседателот на државата. Така што нормален е револтот на граѓаните, во случајот на наставниците да бараат покачување на платите. Мој став беше и се уште е процесот да го водат кон тоа што целат и мислат, меѓутоа треба да излезат во пресрет на учениците, посебно на матурантите бидејќи сега завршува учебната година. Па секако подоцна и учениците да им се придружат на професорите во протестите каде што заеднички би го барале подобриот демократски начин за зголемување на платата на наставниците. Има голем дел од матурантите кои што сакаат да се запишат на студии надвор од државата, каде што на некои универзитети го пропуштаат рокот бидејќи кај нас матурата е малку подоцна. Така што ќе се соочат со навистина голем проблем.
Наставниците исто така да бараат поголеми реформи во образованието. УКИМ во последниве 3 години има паднато повеќе од 148 места. Што е навистина поразително за една земја која што би сакала да е дел од Европската Унија, истакна Петровски.
Подоцна наставниците исто така да продолжат со протести и да бараат поголеми реформи во образованието, бидејќи знаеме на какво ниво се наоѓа нашето образование и во средните училишта, но и во високото образование. Излезе информација дека УКИМ веќе има паднато во последниве 3 години повеќе од 148 места. Што е навистина поразително за една земја кој што би сакала да е дел од Европската Унија. Бидејќи знаеме дека многу универзитети кои што се во државите членки на Европската Унија уживаат навистина голем рејтинг во истражувањата за рејтинг на универзитети, рече Петровски.
Така што би се задржал на ставот дека наставниците треба да искочат во пресрет на наставниците и да се заврши оваа учебна година, навреме да се заврши матурата за да можат и матурантите да се запишат на факултетите, но и учениците да завршат со оваа учебна година, изјави Петровски.