ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Постојано да се бориме за почитување на работничкиот труд и работничките права

May 1, 2022 08:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Во честитката, Џафери порачува дека сите постојано треба да се бориме за почитување на работничкиот труд и работничките права, но се осврнува и на протестот на просветните работници, изразувајќи надеж дека набрзо ќе се постигне договор за нивните примања зашто децата, како што потенцира, не смеат да трпат.

– Дозволете од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име да упатам честитки по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, денот на работниците кои претставуваат огромна заедница со чиј труд, придонес и посветеност сме тоа што сме или пак, без кои никогаш не би биле тоа што сме. Секој момент, секој атом енергија што го трошат за да обезбедат нормално функционирање на нашето секојдневие, за да има леб на трпезата, за да имаме покрив над главата, за да се образуваат и лекуваат нашите деца, нашите граѓани, треба да не потсети дека не само денес, туку секој ден, секој час треба да се бориме сите за почитување на работничкиот труд и работничките права, за обезбедување на пристојни работни услови, за заштита на работните места и постојано креирање на нови, за достоинствена плата и еднакво вреднување на работата на секој работник или работничка, без дискриминација, стои во честитката од Џафери.

Претседателот на Собранието потсети дека деновиве бевме сведоци на штрајк заради, како што наведува, усогласување на примањата на просветните работници. Џафери изразува жалење што во оваа ситуација, како што наведува, „колатерална штета сепак се нашите најмали и најмили, во сите фази од образовниот процес, кои, ако се земат предвид вонредните услови наметнати од повеќегодишната пандемиска криза, и онака претрпеа огромни загуби и имаат празнини во тој образовен процес, трае предолго и не се наоѓа заеднички јазик и разбирање“.

-Се надевам дека со обострана искрена намера и волја набрзо ќе се постигне договор и ќе се продолжи онаму каде што се застана. Децата не смеат да трпат, тие се нашата иднина, иднина на нашата држава. Градењето на рамноправна заедница која се грижи за доброто на сите свои граѓани и ја стимулира желбата за личен и колективен придонес е одговорност и водилка за сите нас, за менување кон подобро за сите нас. Честит 1 Мај, бидете живи, здрави и рамноправни!, се посочува во честитката од претседателот на Собранието. /МИА/

Next Post

Најсвежо во Лазарополе, најмногу врнежи во Куманово

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk