ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грција од денеска ги укинува задолжителните сертификати

May 1, 2022 14:48
in ДЕНЕС, РЕГИОН
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Задолжителниот „Covid pass“ за влез во сите објекти во внатрешноста на Грција, како и европскиот сертификат за патување во земјата, од денеска се укинуваат, согласно официјалните најави од Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на правилата што од денеска важат во внатрешноста на земјата, конкретната министерска одлука веќе е објавена во Службен весник на Грција, додека пак другата, што се однесува на граничните премини, сè уште не е објавена, иако претходната беше во сила до шест часот утрово.

Од Министерството за здравство, како што веќе објави МИА, во четвртокот соопштија дека надлежната Комисија на епидемиолози препорачала „суспензија на Covid pass од 1 мај и враќање на исполнетоста на објектите на 100 отсто од капацитетот, суспензија на сертификатот од EUDCC на влезните точки во земјата“, препораките прифатени од Владата и додадоа дека деталите ќе бидат разјаснети во новата министерска одлука што ќе биде објавена во Службен весник на Грција.

Последната министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на КОВИД-19“ од 18 април, беше во сила до денеска во шест часот наутро.

Во однос на летовите од и кон Грција, од Агенцијата за цивилно воздухопловство на соопштија дека од денеска „се укинати здравствените ограничувања за Ковид-19 за домашни и меѓународни летови“.

-Конкретно, од денеска за сите домашни и меѓународни авионски патувања (пристигнувања/полетувања) единствена обврска на патниците и вработените е дека во просторите за пристигнување и чекање на аеродромите, како и за време на летовите, задолжително е персоналот и патниците да носат заштитна маска, соопштија од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција.

Маската и понатаму останува задолжителна за сите затворени простори во Грција најмалку до крајот на месецов.

Со новите одлуки, во пракса значи дека од денеска во Грција се укинуваат сите Ковид рестрикции, со исклучок на маската.

Согласни објавената одлука за мерките во внатрешноста на земјата, повеќе нема да биде потребно да се покажува сертификат за вакцинација, прележан Ковид или негативен тест за влез во затворените и дел од отворените објекти и повеќе нема да постојат никакви рестрикции за невакцинираните. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Битиќи: Работникот е на прво место, а човечкиот капитал пред се

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп објави крај на војната во Газа, пред посетата на Израел и Египет

October 13, 2025

Локални избори во Косово: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг

October 13, 2025

Фон дер Лајен в среда во Скопје, почнува тридневната турнеја низ Западен Балкан 

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk