ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Се движиме кон официјализирање на она што е де факто: Украина стана составен дел на Европа

May 1, 2022 12:14
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Денес окупаторите повторно лансираа ракети кон Дњипропетровската област и Одеса. Повторно и повторно, руските трупи докажуваат дека луѓето од Одеса се исти непријатели на Русија како и сите други Украинци. Уништена е пистата на аеродромот во Одеса. Ние, се разбира, ќе ја обновиме. Но, Одеса никогаш нема да го заборави таквиот руски став кон неа, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање.

Обраќањето на Зеленски го пренесуваме интегрално:

„Денес го одбележавме Денот на граничарите. Јасно е дека за време на војната не може да има прослави. Но, неопходно е да се поддржат украинците и украинките кои ја бранат државата во редовите на граничната служба.

Од првите денови на војната – и не само од 24 февруари, туку и од 2014 година – граничарите храбро ја бранат Украина. Изведуваат борбени задачи. Тие први ги сретнаа руските напаѓачи на државната граница. Тие се под секојдневно гранатирање. Тие војуваат рамо до рамо со Вооружените Сили на Украина, со нашата Национална гарда, со Националната полиција, со територијалната одбрана и со сите оние кои застанаа во одбрана на нашата држава.

Конкретно, тие се борат во Мариупол, херојски бранејќи го нашиот град. 340 граничари се нашите херои. Денес разговарав со нив. Им честитав. Им се заблагодарив.

Благодарен сум му на секој и на секоја чиј професионален ден беше денес. Ја имав честа да им доделам државни награди на граничарите кои се истакнаа во борбите за нашата држава.

Окупаторите собираат уште дополнителни сили за нови напади против нашата војска на истокот од земјата. Испратија засилувања во Харкивската област, обидувајќи се да го зголемат притисокот во Донбас. Тие изгубија повеќе од 23.000 војници во битките на оваа бесмислена војна за Русија. Но, не застануваат.

Знаеме дека руската команда се подготвува за нови големи загуби.

Во тие единици, чиј персонал беше речиси целосно уништен или значително ослабен во март-април, се регрутираат нови луѓе. Со мала мотивација. Со мало борбено искуство. Тие само сакаат да ја соберат потребната количина. За да можат да ги фрлат и овие единици во офанзива.

Руските командири добро знаат дека уште илјадници руски војници ќе бидат убиени и илјадници ќе бидат ранети во наредните недели.

Но, зошто им е тоа на самите руски војници? Зошто им е тоа на нивните семејства? Руските команданти ги лажат своите војници кога велат дека ќе се соочат со сериозна одговорност за одбивањето да се борат. И во исто време, тие не кажуваат, на пример, за подготовка од страна на руската армија на дополнителни фрижидери за чување трупови. Не кажуваат какви нови „планирани“ загуби очекуваат генералите.

Секој руски војник сепак сеуште може да си го спаси животот. Подобро ви е да преживеете во Русија отколку да умрете на наша почва.

Нашите бранители веќе уништија повеќе од илјада руски тенкови. Речиси двесте руски авиони. Речиси две и пол илјади оклопни борбени возила. Се разбира, окупаторите сè уште имаат техника на залиха. Да, тие се уште имаат ракети за да вршат удари по нашата територија. Но, оваа војна веќе толку ја ослабна Русија што мора да планираат уште помалку воена техника за учество на парадата во Москва.

Активно комуницираме со партнерите за зајакнување на санкциите против Русија. За Мариупол, за сите уништени градови и заедници на Украина, за воените злосторства против нашиот народ. За ракетни и воздушни напади на територијата на Украина.

Денес окупаторите повторно лансираа ракети кон Дњипропетровската област и Одеса. Повторно и повторно, руските трупи докажуваат дека луѓето од Одеса се исти непријатели на Русија како и сите други Украинци. Уништена е пистата на аеродромот во Одеса. Ние, се разбира, ќе ја обновиме. Но, Одеса никогаш нема да го заборави таквиот руски став кон неа.

Очекуваме одлука за ограничувањата на нафтата против Русија во блиска иднина.

Ние инсистираме дека фер дел од санкциите против руската нафта треба да биде блокирањето на какви било обиди на Русија да ги заобиколи ограничувањата преку продажба на таканаречените нафтени мешавини. Ако некоја компанија или држава ѝ помага на Русија да тргува со нафта, таа исто така мора да добие санкции. Какво било спонзорство во интерес на руската воена терористичка машина мора да престане.

Денес разговарав со францускиот Претседател Емануел Макрон. За различни области на соработка меѓу Украина и Франција, пред се во одбраната. Исто така – за соработка на патот на Украина кон Европската унија. Се движиме кон политичко официјализирање на она што е веќе де факто: Украина стана составен дел на обединета Европа.

Разговарав и со британскиот Премиер Борис Џонсон. За одбранбената поддршка за Украина и другите неопходни напори за ставање крај на војната.

Го информирав Борис за моменталната состојба на бојното поле во областите на активни судири и детално за ситуацијата на нашиот исток, во Мариупол, на југот на земјата.

Сите лидери на слободниот свет знаат за тоа што направи Русија со Мариупол. И ова нема да биде без одговорност за Русија.

Многу од лидерите се обидуваат да помогнат да се спасат нашите херојски бранители на градот. Ова беше многу детално дискутирано со Генералниот Секретар на ОН за време на неговата посета на Кијив. Правиме се за да се изврши евакуациската мисија од Мариупол.

Разговарав со Претседателот на Швајцарија Касис. Му се заблагодарив за хуманитарната поддршка на Украина и Украинците. Разговаравме за посредничката улога на Швајцарија во помагањето на Украинците кои се најдоа во Русија. Се разговараше и за подготовките за Конференцијата за повоена обнова на нашата држава.

Правиме се за да го вратиме нормалниот живот во деокупираниот дел на нашата Украина. Работата на хуманитарните штабови веќе е започната во 93% од деокупираните населени места.

Активно ја деминираме ослободената територија. Секојдневно по неколку десетици населени места се додаваат на списокот со оние каде што заврши деминирањето. 69% од деокупираните населени места повторно се со полноправна локална самоуправа. Го обновуваме снабдувањето со електрична енергија, комуникациите, водоснабдувањето и снабдувањето со гас. Правиме се за да ја вратиме нормалната медицина, образовните услуги, пристапот до финансиските институции. Ги обновуваме патиштата.

Секако, претстои уште многу работа. Окупаторите се уште се на нашата земја и се уште не го препознаваат очигледниот неуспех на нивната т.н. операција. Сè уште треба да војуваме и да ги насочиме сите сили за да ги истераме окупаторите. И ние ќе го направиме тоа. Украина ќе биде слободна.

Ќе бидат ослободени и Херсон, и Нова Каховка, и Мелитопол, и Бердјанск, и Днипрорудне и сите други привремено окупирани градови и заедници во кои окупаторите сега се преправаат дека се „господари“.

Украинското знаме ќе се врати онаму каде што му следува со право. Ќе се врати заедно со нормалниот живот, кој Русија едноставно не е способна да го обезбеди ниту на својата сопствена територија.

Потпишав указ за доделување награди на нашите бранители – борците на Националната гарда на Украина. На 133 борци на Националната гарда им беа доделени државни награди, од кои 11 постхумно.

Вечен спомен на сите загинати за Украина!

Вечна слава на секој и на секоја што застанаа во одбрана на државата!“

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk