ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Неточно е дека кратенките МК и МКД заминале во историјата

May 2, 2022 21:06
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Текстот споделува и документ, односно список на земји членки на НАТО покрај кои стојат кратенки на земјите, по азбучен ред. Ако се прегледа детално документот ќе се забележи дека и кратенките на други земји не соодветствуваат со нивните меѓународни прифатени кратенки, односно кодови. Од МНР објаснија дека според правилата на НАТО, кои се донесени далеку пред нашето членство во Алијансата, за протоколарни потреби земјите се означуваат со целосните имиња, и тоа соодветно на транскрипцијата во англиската азбука, освен кога тоа е технички неизводливо, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Пост на Фејсбук тврди дека кратенките МКД и МК заминале во историјата, односно дека НАТО го променил кодот за името на Македонија. Ова не е точно.

Постот со наслов „Кој сака нека честита“, споделува напис во кој се посочува дека НАТО кодот за името на нашата држава е сменет и сега, наместо МКД, стојат само две букви, НМ.

Оваа промена, како што дознава Нетпрес, била на барање на Грција, која побарала НАТО кодот за името на нашата држава, наместо MKD, да биде NMK или RNM. За ова биле информирани и поранeшните министри на Министерството за одбрана, како и Министерството за одбрана, Никола Димитров и Радмила Шекеринска. Но, за тоа молчеле и не ја обелодениле оваа информација во јавноста, иако како држава сме биле официјално информирани, стои во написот.

Текстот споделува и документ, односно список на земји членки на НАТО покрај кои стојат кратенки на земјите, по азбучен ред. Ако се прегледа детално документот ќе се забележи дека и кратенките на други земји не соодветствуваат со нивните меѓународни прифатени кратенки, односно кодови.

На пример, Бугарија е ставена под кратенката БУ иако нејзиниот ISO код е БГ.

Турција исто така е со кратенка ТУ, иако нејзиниот ISO код е ТР.

По ваквите информации, со реакција веднаш се јави и Министерството за надворешни работи, кое објасни дека според правилата на НАТО, кои се донесени далеку пред нашето членство во Алијансата, за протоколарни потреби земјите се означуваат со целосните имиња и тоа соодветно на транскрипцијата во англиската азбука (English Alphanumerical), освен кога тоа е технички неизводливо.

Со цел да не се промени редоследот, земјите – членки се одбележуваат со првите две букви од името на земјата, и тоа, доколку е тоа со еден збор, или со првите букви од двата збора, како во нашиот случај кога името е од повеќе зборови. Целта на ова правило е соодветно да се адаптираат целосните имиња на земјите без притоа да се наруши азбучниот ред на англиски јазик по кој се подредени земјите, што, пак, е исто така правило во рамките на Алијансата. Согласно горенаведеното, за Северна Македонија (North Macedonia) се користи кратенката NM, a соодветно, според азбучниот ред, земјава се наоѓа меѓу Холандија (Netherlands – NE) и Норвешка (Norway – NO). Што се однесува до интерните акти на Алијансата, онаму каде е тоа специфично наведено, се користат кратенките од ISO системот, каде нашата држава редовно е обележана со соодветните ISO кодови – МК и МКД, соопшти МНР.

Точно е дека ISO кодовите за Македонија и понатаму се МК и МКД, што е лесно проверливо.

Значи, тврдењето дека НАТО ги сменило официјалните кратенки на земјава, и тоа по барање на Грција, се лажни, односно кратенките за Македонија и понатаму се истите. Според ова, може да се каже дека постот кој го анализираме е невистинит.

Next Post

На ГП Богородица за влез во државата се чека 30 минути

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk