ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Медиумите ја губат битката со себе

Штета, медиумите добија Влада што им даде слобода на говор, а тие упорно работат на тоа да бидат замолчани.

May 3, 2022 08:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Тешко е да се даде објективна слика за состојбата во  македонските медиуми, токму на меѓународниот ден на медиумите, кога треба да се слави независноста на новинарството, слободата на јавно искажаниот збор, и над се објективноста и вистинитоста на информациите.

За македнското новинарство генерално може да се каже дека е државно егоцентрично, а партиско-политички, опозициско. Тоа значи дека со децении наназад македонските медиуми не ги интересира ништо друго освен домашната политичка сцена, до степен на нејзино банализирање, при што сè  што ќе каже опозицијата е важно, а власта- дискутабилно. Последен пример за тоа е војната во Украина. Од сите „мал милион“ медиуми, само еден смогна сили да испрати воен репортер таму и таа беше одважната новинарка – Кристина Атовска од Слободен печат.

И не само тоа, за војната во Украина сите ги заболе уво. Говорам за мејнстрим медиумите. Оние чијашто уредувачка политика по дефиниција треба да креира јавно мислење. Ретко кога централните вести почнуваат со вест за Украина или било кој друг светски настан.

Попрво главна вест е изјава на лидерот на опозицијата во која нема ништо ново, освен дека по кој знае кој пат бара предвремени избори.

Дури сè почесто изостануваат информации кои се од интерес за граѓаните, но кои од уредништвото се окарактеризирани како здодевни, само затоа што доаѓаат од страна на власта а со тоа се во категоријата, непотребно „фалење“.

Најголемата мана на македонските медиуми е всушност тоа што во нив нема граѓани. Има само изјави на политичари. Нема ни вести. Има извештаи од институции и настани на кои говореле  политичарите или тие самите ги организирале.

Мислењето на граѓаните, наместо да се добие преку автентична анкета, е само обично пресликување на коментари од фејсбук, кои треба да потврдат некоја теза креирана од уредништвото. На тој начин социјалните мрежи стануваат доминантен извор на информации и на креирање на јавно мислење. А таму главно доминира сива зона на анонимнуси кои најчесто се партиски тролови и имаат задача да шират говор на омраза против политичките опонентни, да ги денунцираат новинарите за кои сметаат дека се „предавници“, или да „отвораат“ лажни афери.

За трагедијата да биде поголема и политичарите, сфаќајки ја моќта на социјалните мрежи, како и фактот дека од нив се храната и медиумите,   сè повеќе своите ставови ги споделуваат таму.

Оттаму мејнстрим медиумите ја губат својата моќ да бидат креатори на јавно мислење и извор на точни информации, туку  напротив стануваат конзументи на лажни вести и полувистини, па така постепено ја губат и причината за своето постоење.

Наместо  јасна уредувачка политика, доминира уреднички и новинарски волунтаризам, инициран од потребата од скандали.

Ваквата слика на македонскиот медиумски простор може и да се рзбере како последица од долгогодишното владење на „режимот“, кога медиумите беа или купени или силувани, па сега доживуваат катарза во слободата  на изразување. Оттаму  сè што доаѓа од адресата на Владата е однапред прогласено за „глупо“, за „невистина“, а самите министри се коментирани како „кај го најдоа овој, немаше ли друг“ и т.н.

Но, забораваат дека така веќе се влезени во шемата на ставот на опозицијата дека ништо не чини во државата и дека секој потег направен во корист на граѓаните е лош. Нека е и така. Но не смеат да заборават дека сега можат слободно да зборуваат без да бидат прогонувани.

Штета, медиумите добија Влада што им даде слобода на говор, а тие упорно работат на тоа да бидат замолчани.


Текстот е напишан по покана од Цивил, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

При полетувањето и слетувањето, ролетните на авионот треба да бидат подигнати

July 20, 2025

Мистеријата на рачните чанти: Антички симбол или трага од изгубено знаење?

July 20, 2025

Македонија во фокусот на европскиот спорт: Започнува ЕМОФ Скопје 2025

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk