ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија на 57 место според светски индекс за слобода на печатот, лани била на 90 место

Србија е рангирана најлошо од сите земји на поранешна Југославија, иако се искачи за 14 места на скалата во споредба со извештајот од 2021 година. Годинава ја зазеде 79-та позиција и е во категоријата „проблематични“ земји. Во регионот на Западен Балкан само Албанија (103 место) е полошо рангирана од Србија.

May 3, 2022 08:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во извештајот на Репортери без граници и според нивниот светски индекс за слобода на печатот за 2022 година, Србија е рангирана најлошо од сите земји на поранешна Југославија, иако се искачи за 14 места на скалата во споредба со извештајот од 2021 година. Годинава ја зазеде 79-та позиција и е во категоријата „проблематични“ земји.

Хрватска се најде на 48. место и во категоријата „задоволува“, додека Словенија на 54. место и меѓу „проблематичните“ земји, како и Северна Македонија на 57. место, Црна Гора на 63. и Босна и Херцеговина на 67. место. Во регионот на Западен Балкан само Албанија (103 место) е полошо рангирана од Србија. Косово е рангирано на 61 место, Бугарија на 91 место.

Според Светскиот индекс на медиумски слободи објавен од Репортери без граници, во светот се случува двојна поларизација, интензивирана од информацискиот хаос, а таа е присутна и во одделни земји и во односите меѓу земјите на меѓународно ниво.

Во 2021 година Северна Македонија се наоѓала на 90 место, додека пак во 2021 на 92 место.

Извештајот за 2022 година, што ја проценува состојбата на новинарството во 180 земји и територии, укажува на катастрофалните ефекти од информацискиот хаос што произлегува од глобализираниот и нерегулиран онлајн информативен простор, кој поттикнува ширење на лажни вести и пропаганда.

Норвешка останува на врвот на светскиот индекс за слобода на печатот во Европа. Најслабо рангирани се Северна Кореја (180), Еритреја и Иран. До нив се Мјанмар (176) и Кина (175 место)./МИА/.

Next Post
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Медиумите ја губат битката со себе

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk