ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Директорот на БЈБ Сашо Тасевски се сретна со извршната директорка на ЕВРОПОЛ, Катрин Де Бол

Оваа соработка сѐ повеќе и повеќе се зацврстува, а ги отсликува нашите напори во унапредување на регионалната соработка, како еден од приоритетите за придонес кон безбедноста и стабилноста на земјите во регионот, како и земјите на Европската Унија, што понатаму се рефлектира и на глобално ниво, потенцирал директорот Тасевски во текот на разговорите.

May 4, 2022 17:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски денеска во пресрет на Регионалната конференција на директори на полициски служби на тема „Борба против организиран криминал: предизвици и поддршка“, што од утре ќе се одржува во Скопје,  оствари средба со извршниот директор на Европската агенција за спроведување на законот – ЕВРОПОЛ, Катрин Де Бол.

На средбата одржана во Министерството за внатрешни работи, Тасевски и Де Бол разговарале за досегашната соработка помеѓу МВР и ЕВРОПОЛ и можностите за нејзино унапредување. Се разговарало и за ефикасно управување со границите, спречување на илегалната миграција, состојбата со Украина и бегалците.

– Со влегувањето во сила на Договорот за оперативна и стратешка соработка помеѓу Република Северна Македонија и ЕВРОПОЛ, интензивирани се оперативните и стратешките активности за поголема застапеност и учество на нашата држава во активностите на ЕВРОПОЛ, сѐ со цел користење на услугите и продуктите на ЕВРОПОЛ од страна на релевантните надлежни органи во нашата држава. Оваа соработка сѐ повеќе и повеќе се зацврстува, а ги отсликува нашите напори во унапредување на регионалната соработка, како еден од приоритетите за придонес кон безбедноста и стабилноста на земјите во регионот, како и земјите на Европската Унија, што понатаму се рефлектира и на глобално ниво, потенцирал директорот Тасевски во текот на разговорите.

Како што соопштија од МВР, тој истакнал дека воспоставувањето и проширувањето на пристапот до СИЕНА апликацијата, како безбеден канал за размена на информации до поголем број корисници во рамки на Министерството, овозможува интензивирање на оперативната соработка со ЕВРОПОЛ, земјите членки и третите партнери за соработка.

Според директорот Тасевски, ефикасната оперативна соработка меѓу другото е овозможена и со учество во аналитичките работни досиеја на ЕВРОПОЛ, каде МВР учествува во вкупно десет проекти од разни области на криминал.

Од аспект на останатите теми, Тасевски потенцирал дека безбедносната состојба на државните граници е стабилна, при што во 2021 година обидите за илегално преминување на границата бележат пад за 35 проценти во споредба со 2020, а во насока на кризата со Украина се олеснети процедурите за влез, излез, регулација на престој во државата, како и барањата за привремен престој по основа на хуманитарни причини.

Извршниот директор на Европската агенција за спроведување на законот – ЕВРОПОЛ, Катрин Де Бол изразила посебно задоволство од досегашната соработка на МВР со ЕВРОПОЛ,  учеството на МВР во над 26 EMPACT активности и исклучителната размена на информации кои резултирале со неколку значајни акции и обезбедување на докази за поголем број сторени кривични дела.

Де Бол, стои во соопштението од МВР, ги презентирала можностите за учество на МВР во сѐ поголем број заеднички проекти, каде веќе се развиени огромен број алатки за борба против криминалот кон животната средина, трговијата со оружје и разни видови дрога, финансиски и економски криминал, борба против екстремизмот и слично, што претставува одлична основа за понатамошно унапредување на веќе интензивната заедничка соработка./МИА/.

Next Post

Обука на „Стенковец“ од вечерва до 8 мај, ќе има истрели од вежбовна муниција и движење на воени возила

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk