ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Зеленски сакаше да биде познат актер, а стана светски супер херој

May 4, 2022 15:52
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Почна како човек што сака да сонува. Неговиот сон беше да стане славен, а вистината е дека сакаше да биде славен како актер и глумец, ама неговото височество животот, за него имаше други планови.

„Слуга на народот“ е серија која е поставена на стриминг-платформата наречена „Netflix“, таму Володимир Зеленски е глумец, уметник и сонувач. Го живее својот сон на начин како што тој сака, на начин кој што тој го познава и на начин што само тој знае да љуби. Го живее својот сон на актер и сценарист, а оваа серија премиерно во Украина е прикажана во 2015 година. Четири години подоцна, насловот „Слуга на народот“ ќе биде главен слоган на кампањата на Зеленски, а благодарение на таа негова популарност, човекот ќе освои три четвртини од гласовите на Украинците и ќе стане претседател на државата.

Пред Зленски, глумецот Роналд Реган стана претседател на Америка во два мандата; Арнолд Шварценегер од глумец, стана гувернер на Калифорнија, а комичарот Марјан Шарец стана премиер на Словенија. Ниту еден од овие луѓе немаa толкаво проклетство какво што имаше Зеленски: уште да ти се погоди Путин, твојот прв сосед со својата злосторничка и империјална грандоманија. Неверојатен шпил од „животни карти“.

„Сонувам за светска слава на продуцент и глумец“, рече на почетокот од 2019. година Володимир Зеленски, а потоа беше „вклучен“ во опасна катастрофа. Зеленски не го замислувал својот живот на овој начин, како што не ја замислувал ниту светската слава за себе на овој начин.

Володомир Зеленски е претседател на држава која Русија ја нападна во „одбранбено специјална воена акција“, до сега најчесто се нарекува – инвазија. Неполни три години подоцна, откако го доби мандатот за претседател на Украина, Зеленски е ставен пред големи предизвици. А само пред три години сè изгледаше поинаку. За волја на вистината, и тогаш се појавуваше пред Украинците, ама само како претседател на телевизиска серија.

Володимир Зеленски е роден во еврејско семејство во градот Крив Рог, во централна Украина, а завршил право на Националниот економски универзитет во Киев. Но, сепак, ништо од своето образование не го интересирало, неговиот повик – како за човек што сонува – била комедијата. Се препознал во срамотењето/ругањето на општествено-политичките ситуации, а повремено глумел во популарните украински филмови или „ситкоми“.

После руско-украинските конфликти од 2014. година и анексијата на Крим, снимена е хумористичната серија „Слуга на народот“ во која Зеленски ја глумеше главната улога на претседател. Подоцна – својата партија ја нарече Слуга на народот, со која се кандидираше на изборите и освои повеќе од 70 проценти на гласови.

Својата фикционална серија ја проживеа директно во реалност, а таа несреќна околност од Зеленски направи име и презиме со метеорска слава и успех.

На Украина и била потребна промена со нови политички лица. Нова енергија. Зеленски сè тоа го понуди и заедно со својот тим вети решавање на политичката ситуација во Домбас. Посака да направи компромис со Русите. Не успеа. Посака НАТО да му биде монета која секогаш ќе му дава поддршка. Ни тоа не му успеа.

А потоа Путин изврши инвазија во Украина.

Првиот ден Зеленски изгледаше збунето, ама за брзо време ги зеде работите во свои раце, а како изминуваше времето, се покажа дека Зеленски како личност и дух е најсилното оружје на украинците. Не, не се дограба до бомби и тенкови, туку го зеде својот смартфон и побара поддршка од целиот Западен свет. И гледаме – поддршката ја добива. Светот е на страната на Зеленски и Украина.

Успеа, Зеленски, со помош на паметен телефон, да ги убеди Западните земји да воспостават систем на санкции против Русија кои беа незамисливи на самиот почеток на инвазијата.

Зеленски, пишува „Гардијан“, почувствува како европското јавно мнение реагира на храброста на украинскиот народ и константо е на линија со западните лидери, а паралелно со тоа, на Твитер пишуваше пораки и ги охрабруваше Западните сојузници. Набрзо постигна санкциите, за кои многу земји имаа дилема, да станат морална основа за реагирање на војната во Украина.

Темпото со кои се направени санкциите на Русија, многу земји во Европа ги остави „без здив“, затоа што за брзо време требаше да се подготват за нова, не само безбедносна, туку и за економска реалност.

„Многу му должиме. Можеби, на крајот, нема да успее да ја сочува Украина, или да ја промени Русија, ама сигурно ќе ја промени Европа“, гласеше еден од коментарите во „Гардијан“.

Секојдневно Зеленски зборува преку својот смартфон со Западните лидери, пред два дена зборуваше преку видео-повик од украинското Собрание со Борис Џонсон, претходно со Макрон, а речиси секојдневно е на линија со официјален Вашингтон; потоа вртеше кај Марија Драгија, па кај претседателот на Швајцарија,  Игнациј Касиас, па со турскиот претседател Ердоган, азејберџанскиот претседател Алијев, за да се враќа во Европа, па да разговара со холандскиот премиер Руте или германскиот канцелар Шолц.

На крајот, направи напредок. Светот денес е на страната на супер херојот Володимир Зеленски.

Професионалниот глумец и сатиричар на чело на својата држава се најде во најтрагичниот контекст за Украина од Втората Светска војна. Со демонстрирање на лична храброст се обидува да ги мотивира своите сограѓани и сонародници. Неверојатен дух, ведар, бистар и мачен. Володимир Зеленски за мене претставува најсветлиот дух во овој тежок и дозлабога грозен свет.

Му ја посакувам сета среќа и храброст на овој свет. Да истрае. Затоа што неговата борба за слобода е и борба за слобода на сите нас.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025
Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk