Шефот на шведската дипломатија Линде ги најави американските безбедносни гаранции за Шведска пред да влезе во НАТО, пренесува Lenta.ru.
Шведска ќе биде обезбедена за периодот до нејзиниот пристап во НАТО доколку поднесе соодветна апликација. Вакви гаранции дале американските власти, пишува Ројтерс, повикувајќи се на изјава на шведската министерка за надворешни работи Ана Линде.
„Нема да навлегувам во детали, но сигурен сум дека сега имаме американски гаранции за поддршка. Сепак, конкретни безбедносни гаранции може да се добијат само ако сте членка на НАТО“, призна дипломатката.
Линде додаде дека гаранциите дадени од американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе и дадат до знаење на Русија дека сега „не може да преземе никаква негативна акција против Шведска без да биде одбиена од Американците“.
И финските власти се збунети од прашањето за влез во НАТО. Претседателот Саули Ниинисте претходно изјави дека конечното формирање на ставови по ова прашање треба да се очекува до 17 мај, кога ќе се одржи државната посета на Саули Ниинисте на Стокхолм.
Превод: Жорж Димовски