ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски во „Маркарт“: Инвестициите и растот на платите се потврда за добрите политики и во услови на најголема светска криза

May 6, 2022 16:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски ја посети германската компанија од автомобилската индустрија „Маркарт“ и заедно со амбасадорката Анке Холштајн и менаџментот на фабриката ја истакнаа важноста од нови инвестиции, иновации, технолошки развој и вработувања и во услови на најголемата светска криза со која светот се соочува во поновата историја.

Премиерот Ковачевски во изјава за медиумите рече дека компанијата „Маркарт“ која постои на пазарот речиси еден век, е пример за успешна приказна која стартувала со двајца вработени, за денес да е глобална компанија со 21 локација, на 4 континенти, со повеќе од 10.200 вработени и продажба од 1.3 милијарди евра.

„Несомнено го кажувам ова, бидејќи сакам да дадам мотив до сите претприемачи, до сите наши млади и паметни умови и во услови на најголема криза во поновата историја, да вложуваат во своето знаење и да не се откажуваат од реализација на идеите и плановите. За време на обиколката на производството на компанијата „Маркарт“ разговарав и со вработените кои произведуваат производи со висока додадена вредност, работат на најсовремена и најнапредна технологија со запазени услови за безбедност и здравје при работа. Дополнително тука се води грижа и за заштита на животната средина. И во услови на најголема светска криза бројот на вработени расте, така што во моментот тука, работат 670 наши сограѓани кои произведуваат делови за автомобили за реномирани брендови како БМВ, Мерцедес, Јагуар, Ланд Ровер, Опел, Порше, Ламбoргини и имаат просечна плата од над 500 евра. Тоа е и целта на Владата минимум 30.000 денари просечна плата, а статистика ги регистрира податоците и просечната плата во земјата се доближува до 30.000 денари. Паралелно со растот на просечната, ја зголемивме и минималната плата на 18.000 денари и воведовме методологија со која истата континуирано ќе расте“, изјави Ковачевски и додаде дека оваа компанија имплементира дуално образование кое Владата силно го поддржува.

Волфганг Аихер, генерален менаџер на „Маркарт“, изјави дека истовремено се соочуваме со три сериозни кризи, поминуваме низ тешка година, уште потешка од 2020 и 2021.

„Сега е многу важно да се одржи балансот на заштеди и инвестиции. Свеста за генерирање заштеди и подобрување на ефикасноста и ефективноста треба да се постават на највисоко ниво. Со гордост можам да кажам дека тука во „Маркарт“ ги имаме вистинските луѓе за успех. Тоа се луѓе кои не случајно се дел од тимот. Одбрани луѓе кои растеле заедно со „Маркарт“ или луѓе кои ги препознале своите вредности и култура со оние на компанијата и така се приклучиле кон тимот. Да работите во компанија во која е имплементирана најсовремена и најнапредна технологија, компанија која нуди обуки и кариерен развој, која се грижи за здравјето, безбедноста и благосостојбата на своите вработени претставува голема привилегија и задоволство за секој млад едуциран кадар. На мое големо задоволство денес имаме прилика да ја претставиме нашата компанија пред премиерот Ковачевски, да го  запознаеме со производните процеси, производите и клиентите, начинот на функционирање, имплементирани технологии и програми и проекти. И секако, се надеваме дека ќе го испратиме со позитивни впечатоци и ќе оставиме простор за понатамошна меѓусебна соработката“, изјави Аихер.

Амбасадорката Холштајн рече дека автомобилската индустрија е срцето на билатералната економска соработка помеѓу нашите две земји.

„Кога управувате со автомобил, голема е веројатноста копчето и сензорот кои ги притискате да се произведени со најсовремена и најнапредна технологија токму во Северна Македонија“, рече Холштајн.

Next Post

Започна изработката на нов Закон за средно образование, одржана првата средба на работната група под водство на МОН

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk