ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Поранешниот италијански премиер Лета предлага Европска Конфедерација со 36 земји вклучувајќи ја и Македонија

May 6, 2022 12:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот италијански премиер Енрико Лета во интервју за белгискиот весник „Ле Соар“ бара ЕУ итно да се трансформира во Европска Конфедерација со сите земји кандидати и аспиранти за членство во Унијата, меѓу кои и Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

МИА неодамна објави интервју со европратеникот Бернард Гета од партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, во кое тој изложи идентична идеја, со што се потврдува дека во многу кругови на ЕУ сериозно се разгледува оваа опција, бидејќи Брисел е свесен дека на Украина мора да и даде кандидатски статус, но и дека земјите од Западниот Балкан не можат да бидат запоставени.

Лета во интервјуто за белгиски „Ле Соар“ предлага „веднаш да се креира Европска Конфедерација со 36 земји“ – 27-те членки на ЕУ, шесте држави од Западниот Балкан и плус Украина, Молдавија и Грузија.

Лета, како и Гета, се залага за ЕУ со повеќе брзини, иако постојат разлики меѓу нивните идеи.

– Идејата е да имаме два круга, еден круг на ЕУ и еден поширок со Конфедерацијата. Во првиот круг не спречуваме да се оди понапред. На пример, со укинување на правото на вето и повеќе интеграција. Истовремено, 36-те земји би можеле да работат со полежерни правила. Тоа би било добра вежба за земјите кандидати. Додавам, и тоа е многу важно, дека тоа не значи автоматски влез во ЕУ. Може да имаме земји кои ќе влезат во Конфедерацијата, но не во ЕУ. Затоа што не сакаат или од политички причини. Тука мислам на прашањето Србија – Косово, на пример, кое мора да се реши и не може да се замисли членство во ЕУ пред негово решавање. Конфедерацијата не значи автоматски влез во ЕУ, но е предуслов за влез, објаснува поранешниот италијански премиер за „Ле Соар“.

Европратеникот Гета, од своја страна, предлагаше дури и три круга на интеграција, но во секој случај и двајцата својата инспирација ја влечат од идеите на поранешниот претседател на Европската Комисија, Жак Делор за концентрични кругови или повеќе брзини на интеграција во ЕУ.

Лета вели дека моделот на таа Конфедерација би бил Г20, кој не е резултат на Повелбата, туку е политички договор меѓу земјите.

– Што значи дека можеме веднаш, сакам да кажам ден откако ќе заврши војната, да организираме состанок на 36-те земји во Брисел. И втора фаза, склучување на „лабав“ договор меѓу 36-те и воден од Брисел. Тој договор може да се потпише пред крајот на годината и да се ратификува за неколку месеци во сите земји, не повеќе. Тогаш ќе можеме да имаме поформални состаноци благодарение на договорот, после оние по моделот на Г20, објаснува Лета.

Италијанскиот политичар тврди дека оваа идеја не е алтернатива, туку паралелен процес на полноправното членство и дека Киев не треба да добие впечаток дека ЕУ не сака да ја прими Украина.

– Многу е важно да се даде сигнал на овие земји дека ќе влезат и се надевам дека ќе влезам. Мора да се избегне впечатокот дека Конфедерацијата е алтернатива за членството. Конфедерацијата е начинот подобро да се подготви членството, вели Лета, додавајќи дека овој предлог го разработил во рамките на Институот Делор, како и во неговата левоцентристичка Демократска партија (ПД) во Италија, но е отворен и за други идеи.

Next Post

Деспотовски: Просечната нето плата во ТИРЗ ја надмина просечната нето плата во државата и изнесува 29 599 денари

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk