ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) „Сименс“ го претстави моторниот воз којшто се движи на водород

May 6, 2022 10:14
in TECH FRONT, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германскиот конгломерат „Сименс“ денеска го претстави моторниот воз којшто се движи на водород, развиен со германскиот железнички оператор „Дојче бан“. Предвидено е да почне да сообраќа во 2024 година во регионалниот транспорт.

Возот треба „да ги замени дизел-возовите (шинобусите) во меѓуградскиот превоз“, соопшти „Дојче бан“.

Новиот модел на воз наречен „Мирео плус X“ работи на „зелен водород“, произведен со чиста енергија, а по согорувањето испушта само водена пареа. Употребата на гасот водород како гориво без загадувачки влијанија, е дел од проектот на германската Влада, којашто исто така сака „да електрифицира 75 отсто од железничката мрежа до 2030 година“, како што рече Михаел Теурер, државен секретар во Министерството за дигитални технологии и транспорт.

– Секој испорачан воз ќе значи до 45.000 тони јаглерод-диоксид помалку во текот на 30-годишниот животен век во споредба со соодветните патувања со автомобил, изјави Мајкл Петер, извршен директор на „Сименс мобилити“.

Во зависност од конфигурацијата, возот ќе може да мине од 800 до 1.000 километри, со максимална брзина до 160 километри на час, се наведува во соопштението.

„Мирео плус Х“ ќе се тестира на линиите Баден-Виртемберг во 2023 година, а во редовен сообраќај ќе биде пуштен во 2024 година, меѓу градовите Тибинген, Хорб и Форчајм. Со оваа програма, „Сименс“ се обидува да го достигне својот француски конкурент „Алстом“, којшто веќе продава патнички возови на водород – 41 воз беа нарачани од две германски провинции, а тестови беа спроведени во Австрија, Холандија, Полска, Шведска и Франција.

„Алстом“ и компаниијата „Енџи“ развиваат силни товарни локомотиви напојувани од горивни водородни ќелии.

Next Post

Орбан: Унгарија не ги поддржува новите санкции на ЕУ против Русија

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk