ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски се заканува со блокада и бара предвремени избори, Ковачевски е за лидерска без уцени

May 7, 2022 09:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерска средба, но без уцени и со проширен дневен ред е прифатлива за премиерот Димитар Ковачевски, додека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски останува на ставот дека единствено решение за сите проблеми се предвремени избори и оти без ова прашање не може да се разговара.

Премиерот Ковачевски смета дека треба да има средба за теми кои, како што рече, се од интерес за граѓаните, а не единствена точка на дневен ред да биде предвремени избори, бидејќи избори ќе има во 2024 година.

-Уцена со одбројувања, пет дена, четири дена, единствена точка на дневен ред, предвремени избори – таква средба не може да има. Затоа што не може да биде единствена точка – предвремени избори, изјави вчера Ковачевски по посетата на германската компанија од автомобилската индустрија „Маркарт“ во велешкото село Долно Каласлари.

Според Ковачевски, со блокирање не се прави штета ниту на Владата, ниту на Собранието, туку се прави единствено штета на компаниите, на граѓаните и на државата.

Тој ги повика сите пратеници да бидат на ниво на својата задача бидејќи, како што рече, тие не се избрани од претседател на политичка партија, туку се избрани од народот и треба да работат за потребите и за унапредувањето на животот на граѓаните.

–  Парламентот да функционира… имаме 64 пратеници поддршка, дополнително уште една партија која што се придружи на коалицијата и не постојат никакви ограничувања за носење на потребните одлуки за граѓаните, порача премиерот Ковачевски.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, вчера од Прилеп каде што учествуваше на обука за градоначалници организирана од Фондацијата „Конрад Аденауер“, порача дека е подготвен да зборува за сите отворени прашања како и за определување датум за одржување предвремени парламентарни избори, но без тоа прашање не може да се разговара.

-Подготвен сум да зборуваме за сѐ што е актуелно и им е потребно на граѓаните, а предвремени парламентарни избори се неопходни час поскоро да се случат за да може Македонија да излезе од оваа кризна ситуација во која се наоѓа. Подготвен сум за четири дена од денеска да зборуваме за сите отворени прашања како и за определување датум за одржување предвремени парламентарни избори. А без ова прашање не може да се разговара. Тие се проблемот, а решението е предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, смета дека нема ништо лошо во средби, но под услов тие да не бидат условувани и со наметнување на теми, туку за одредени и важни прашања, како тоа за затворање на прашањето со Бугарија.

Али Ахмети (фото: скриншот)

–  Сигурно ни е потребен политички и етнички консензус во државата. Решавањето на овој проблем ги зацврстува стабилноста, мирот, безбедноста и релаксирањето на односите меѓу соседите. За ова ситуација може да има дебата и средба. Но, не и за блокади. Затоа што блокадите и бојкотот значат пречка во напредокот на понатамошните процеси на државата, изјави вчера лидерот на ДУИ, по промоцијата на книгата „Арбрешите помеѓу реалноста и митот“.

Во меѓувреме во Собранието блокирани остануваат повеќе законски решенија како што се Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата…, а до крајот на мај во Собранието треба да се најде и најавениот ребаланс на Буџетот. /МИА/

Next Post

Санкционирани 160 возачи во Скопје, 10 возеле без возачка дозвола

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk