Ситуацијата во Европа денес наложува членството во Европската Унија да претставува безбедносен гарант. Затоа земјите-членки на ЕУ треба да го забрзаат процесот на интеграција и да не прават пречки со кои тој би се одложувал повторно, а со држави како што е вашата кои се најдобро подготвени за процесот на интеграција, неодложно да го почнат процесот на преговори, вели во интервју за МИА Томаш Стражај, директор на Словачката асоцијација за надворешна политика.
Тој повтори дека Словачка многу јасно покажа дека силно ја пооддржува интеграцијата на Северна Македонија.
„И исто така кажавме дека за нас е неприфатливо билатералните прашања да бидат дел од процесот на ЕУ интеграција, но за жал системот на гласање и механизмите за гласање се такви какви што се денес и мора да сметаме на секоја земја-членка за почеток на преговорите со Северна Македонија“, рече Стражај.
Тој вели дека е започната дебата одлуките да се носат со мнозинство гласови во ЕУ, но дискусиите се уште траат.