Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека што подолго се на локално ниво на власт, толку појасно ќе стане дека не носат никаква промена и дека сите нивни ветувања се само фарса, истакна за ФРОНТЛАЈН Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.
Владата има целосен легитимитет, важна агенда и одличен перформас во првите 100 дена и оттаму апсолутно нема потреба од избори. Коалицијата е стабилна и за избори ќе зборуваме во 2024, изјави Лазаревска.
Во моментов во време на најголема економска и енергетска криза изборите се целосно непотребни, ќе значат нови трошоци, застој во економијата и несигурност. Тоа е последно што ни треба и нема одговорна партија која ќе се согласи на такви беспотребни избори. Второ, Владата има целосен легитимитет, важна агенда и одличен перформас во првите 100 дена и оттаму апсолутно нема потреба од избори. Коалицијата е стабилна и за избори ќе зборуваме во 2024, рече Лазаревска.
Пратеничката Лазаревска истакна дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од редовни избори на кои знаат дека ќе загубат.
Па мене повеќе ми личи дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од редовни избори на кои знаат дека ќе загубат. Прашањето реално е зошто опозицијата се плаши, дали е тоа заради катастрофалниот перформанс на нивните градоначалници, безидејноста во време на криза или пак е нешто друго. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека што подолго се на локално ниво на власт, толку појасно ќе стане дека не носат никаква промена и дека сите нивни ветувања се само фарса, рече Лазаревска.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на денешната координативна средба, донесоа одлука за започнување на активна блокадата на Собранието. Блокадата започнува од утре и ќе трае, како што велат, сè до распишување на предвремени парламентарни избори.
М. Ацковска