ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: 9-ти мај нè обврзува да продолжиме да ги негуваме мирот, единството, стабилноста и слободата

Вицепремиерот Маричиќ денеска и утре е во работна посета на Париз, каде што ќе има состаноци со Клемент Бон, државниот секретар за европски прашања на Франција, со Изабел Думонт политичкиот советник за Балканот на претседателот Емануел Макрон, и со претседателот на Комитетот за Меѓународни прашања и одбрана, Кристиан Камбон.​

May 9, 2022 09:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

9-ти мај e симбол на херојството и единството на луѓето кои ги бранеа своите држави и целиот свет од најголемото зло на минатиот век – фашизмот. Овој историски датум нè предупредува дека злото што го направи фашизмот никогаш не смее да се повтори за доброто на идните генерации. Едновремено, овој датум нè обврзува да продолжиме да ги негуваме вистинските принципи за градење мир, единство, стабилност и слобода, порачува заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во видео обраќањето по повод Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа.

Во честитката со порака за мир, единство, обединетост и солидарност, Маричиќ потсетува дека денеска се слави победата на демократијата, европските вредности, толеранцијата и дијалогот, во исполнувањето на визијата на Роберт Шуман и Жан Моне, како и дека овој ден е можност да се оддаде почит и да се изрази благодарност за она што Европската Унија го направи во интерес на мирот, стабилноста и развојот на континентот.

– Овогодинешниот 9-ти мај Европа и светот го одбележуваат во услови на безбедносна, економска и енергетска криза и затоа, како никогаш до сега ни се потребни основите на европските вредности: солидарноста, единството и соработката, посочува вицепремиерот Маричиќ.

Според него, сегашните предизвици недвосмислено покажуваат дека проширувањето, како најуспешна политика на Европската Унија, сепак е единствениот начин за зајакнување и заштита на безбедноста, мирот и напредокот на Европа, како и дека кохерентната политика на отворени врати ќе се врати високо на агендата на Европската Унија и во периодот што следи ќе даде резултати.

– Наша цел и единствена гаранција за просперитетна иднина на сегашните и идните генерации е Европската Унија. Затоа и остануваме трајно посветени нашата земја да стане полноправна, доверлива и одговорна членка на европското семејство, вели Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ денеска и утре е во работна посета на Париз, каде што ќе има состаноци со Клемент Бон, државниот секретар за европски прашања на Франција, со Изабел Думонт политичкиот советник за Балканот на претседателот Емануел Макрон, и со претседателот на Комитетот за Меѓународни прашања и одбрана, Кристиан Камбон.​

Во рамки на посетата, Маричиќ ќе се обрати и на конференцијата „Балкански дијалози“, на која учествуваат високи претставници на државите од Западен Балкан и Европа./ МИА/.

Next Post

Трудо: Повеќе оружје и воена опрема ќе биде испратена во Украина

НАЈНОВО

Три лица осомничени за убиството пред казино во Кавадарци

August 28, 2025

Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред

August 28, 2025
Скриншот

Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk