Министерството за внатрешни работи на Украина примило вкупно околу 32.000 барања за потрага по руски војници, а околу 12.000 од овие барања биле испратени на телефонската линија на агенцијата, пренесува Strichka.
Ова го соопшти советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Виктор Андрусив, пишува Укринформ.
– Не би рекол дека тоа сега е толку масовна појава. Навистина, имаше многу големи размери некаде на почетокот на март, а сега веќе е редовна ситуација. Навистина, примивме околу 12.000 повици, можеби и повеќе, на нашата линија за доверба, која штотуку беше создадена специјално за руските граѓани, а добивме повеќе од 20 илјади од овие повици преку специјален канал на Телеграм „Побарајте ги своите“. Дури ние често се јавуваме и прашуваме зошто не можете тоа да ја прашате вашата влада – а тие одговараат дека тие ги лажат. Односно, таму постои таков начин на однесување. И со оглед на големата количина на повици, мислам дека всушност разбирањето за војната расте многу силно во Руската Федерација, едноставно не е изразено, исто како во Советскиот Сојуз“, истакна тој.
Одговарајќи на прашањето што бараат Русите од Министерството за внатрешни работи и што бараат од претставниците на украинските власти, тој истакна дека овие луѓе игубиле контакт со нивните војници – мажи, синови, кои ги бараат а за кои нема информации.
Превод: Жорж Димовски