Поранешниот руски премиер Михаил Касјанов изјави дека Путин сега е во неволја и дека ова е, како што рече, почеток на крајот на ерата на Путин.
Тој во интервју за „Скај њуз“ рече дека рускиот претседател бил заведен и дека не очекувал толку висок отпор од Украина. Поранешниот премиер, кој претходно се изјасни против војната, рече дека Путин го украл Денот на победата од Русија, создавајќи инструмент за пропаганда.
Тој кажа дека тоа што денеска не е објавена победа значи дека руските сили губат сила. Во меѓувреме, друг поранешен руски политичар, исто така, сугерираше дека Путин може да биде сменет.
Генадиј Гудков, поранешен член на либералната опозиција во егзил, на „Твитер“ напиша: „Путин повторуваше цитати од фиока без да се осмели да каже нешто посериозно. Значи, Кремљ веќе нема никакви трикови. Сега поразот на Путин е прашање на време“.
Путин, пак, денеска изјави дека нема сомнеж оти специјалната воена операција на Москва во Украина ќе го постигне својот резултат, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.
„Сите наши планови се реализираат. Резултатот ќе биде постигнат – во тоа нема сомнеж“, рече Путин.
Што зборуваше Путин во денешниот говор –
Putin speaks at the Victory Parade: – Donbas are our historic lands
– A fight with the Nazis and Banderivtsi, who grew up with US support, was inevitable
– #Russia gave a timely rebuff to the aggressors
– NATO didn’t hear us
– There were preparations for attacks on Donbas,Crimea pic.twitter.com/dOPVVmkv1k— Hanna Liubakova (@HannaLiubakova) May 9, 2022
„Западот не сакаше да ја слуша Русија, имаше други планови“, рече Путин на парадата на Црвениот плоштад во Москва. НАТО создаваше закана за нашите граници. Неприфатлива закана се приближуваше до нашите граници“, рече Путин додавајќи дека Русија ја следела акумулацијата на оружје, особено од страна на НАТО.
„Западот подготвуваше инвазија на нашата земја, вклучувајќи го и Крим“, рече Путин мислејќи на полуостровот во Украина, што Русија го анектира во 2014 година.
Тој тврди дека Русија направила сè за да го спречи агресорот.
Путин нагласи дека специјалната воена операција, како што Русија ја нарекува инвазијата на Украина, е неопходна и навремена мерка и е единствената правилна одлука.
Спротивно на некои очекувања, Путин и денеска не го спомна зборот војна кога зборуваше за рускиот напад врз Украина.
Тој не спомена ниту генерална мобилизација, која некои ја очекуваа, но Кремљ претходно ја демантира нарекувајќи ја бесмислица.
Во говорот што беше поблаг од очекуваното рускиот претседател се осврна и на руските воени загуби оддавајќи им почит со едноминутно молчење за загинатите војници.
Тој најави и помош за децата на загинатите војници во Украина.
Извор: Макфакс