ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска – Вик: Секоја држава треба да обезбеди пристап до технологија и интернет, како и вештини и знаење за таа технологија да се користи и унапредува

May 10, 2022 18:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на работната посета на Естонија, со цел подетално запознавање со процесот на дигитална трансформација на општеството, заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска имаше средба со Линар Вик, експерт за дигитализација, кој бил директно вклучен во дигитализацијата на естонското општество, соопштија од владината прес-служба.

Двајцата соговорници разговараа за начините како Република Северна Македонија на ефикасен начин дигитално може да го трансформира општеството, вклучително и дигитализирање на услугите кои се многу важни за граѓаните. Разговорот беше исклучително корисен имајќи предвид дека господинот Вик бил советник во естонската Влада во периодот кога се носеле важните политички одлуки за интензивно започнување на дигитализацијата. Истовремено, тој е запознаен и со развојот на интернет пристапот и дигитализацијата во Република Северна Македонија во последните десетина години.

Вицепремиерката Грковска потенцираше дека Република Северна Македонија има постигнат значаен напредок во одредени области, но дека внесувањето на податоците во базите е процес за кој е потребно време.

Базите на податоци, нагласи Вик, како што се регистрите на население, на правни субјекти, како и на земјиштето, се многу важни во процесот на дигитализацијата кој треба да биде базиран на постоењето на електронска лична карта.

Вицепремиерката Грковска и експертот за дигитализација се согласија дека во овој процес важно е да се обезбеди пристап до технологија и интернет, вештини и знаење за таа технологија да се користи, но и знаење како таа технологија понатаму да се унапредува.

Во процесот на дигитализацијата, оцени Вик, важно е првично да се обезбеди пристап до дигиталните услуги на оние на кои тоа им е најпотребно и најчесто ги користат. Начинот на кој дигитализацијата ги олеснува услугите до граѓаните обезбедува прифаќање на оваа промена, за која секако неопходно е време.

Вицепремиерката Грковска, во рамки на Проектот за унапредување на дигитализацијата на Република Северна Македонија, а во соработка со естонскиот Центар за меѓународен развој и со поддршка на Соединетите Американски држави, е во тридневна посета на естонските институции кои се носители на естонското дигитално општество.

Next Post

Инциденти пред Универзитетот „Аристотел“ во Солун

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk