ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски од средбата со ЦИВИЛ: Градиме просперитетно општество со еднакви можности за сите

May 10, 2022 17:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска прими делегација на организацијата за човекови права „ЦИВИЛ“, којашто ја предводеше претседателот на организацијата, пишува во соопштението на Владата.

На средбата стана збор за владините програми и соработката со граѓанските организации во јакнење на граѓанските вредности и капацитети во државата, борбата против дезинформациите, транспарентност на институциите, како и имплементацијата на „Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија”.

 

Премиерот Ковачевски на средбата посочи дека во изминатите пет години Владата покажа што значи демократија, лична слобода и право на мислење, почит, толеранција и недискриминација и дека со владината стратегија за едно општество се идентификувани темелните одредници за заедница во која секој граѓанин, без исклучок, ќе се чувствува како еднаков, рамноправен припадник на општество, кое е и фер и правично за сите.

Со промената на власта во 2017 година, истакна Ковачевски, и за медиумите, и за граѓаните се случи пресврт во медиумскиот етер по повеќе основи. Запре репресијата, диктирањето и контролата, а на јавната сцена доминираат слободата на мисла и на изразување, гласната критика и натпреварот на мислења, идеи и аргументи.

На состанокот беше посочено дека низ максимално почитување на принципот на инклузивност, Владата во тесна и продуктивна соработка со граѓанскиот и бизнис секторот останува максимално посветена на имплементација на принципите за отворена власт.

Премиерот Ковачевски на средбата како посебно значајна ја нагласи активноста на „ЦИВИЛ МЕДИА“, како дел од организацијата за човекови права „ЦИВИЛ“, во разобличувањето на дезинформациите.

Во однос на актуелната кампања на опозицијата за блокади и за бојкот на институциите, на средбата беше потенцирано дека станува збор за неодговорно однесување кое единствено има за цел да генерира дополнителна криза за да се предизвикаат предвремени избори.

На средбата беше изразена согласност дека од посебна важност е да заврши процесот за реформи на изборниот процес, и дека во овој момент предвремените избори ќе предизвикаат дополнително одлагање и на другите процеси кои се од посебна важност за граѓаните и државата.

 

Next Post

Утре сончево и топло, попладне со можност за краткотрен пороен дожд

EVN

НАЈНОВО

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Филипче и СДСМ да се разбудат од сонот и да почнат да бидат опозиција во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

April 18, 2026

СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk