ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието не го утврди дневниот ред на новата 71 седница

May 10, 2022 19:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска работеше по нова 71 седница, за која, и по целодневна расправа, сè уште не е утврден дневниот ред. За збор се пријавени 37 пратеници од опозицијата, а седницата ќе продолжи утре во 12 часот, jaвува МИА.

Попладнето расправата во Собранието измина во меѓусебни препирки меѓу претседателот на Собранието Талат Џафери и пратеници од опозицијата, поради различно толкување на Деловникот. Ситуацијата се вжешти откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, повикувајќи се на член 70 од Деловникот, рече дека ќе говори 10 минути за да образложи зошто неговиот Предлог-закон за акцизи треба да се најде на дневен ред на 71 седница.

Претседателот Џафери, повикувајќи се на член 77 од Деловникот, му рече дека тој има право во три минути да го образложи предлогот.

По ова, неколку пратеници се јавија процедурално за објаснување на член 70 од Деловникот и зошто Стојановски има право да говори 10 минути.

Претходно на дел од пратениците им беа усвоени предлозите одредени точки од дневниот ред да бидат меѓу првите кои ќе бидат разгледувани, меѓу кои годишните извештаи за 2021 година на Народниот правобранител, на Судскиот совет, на Државната комисија за спречување на корупцијата, потоа Предлог-закон за трговија, како и интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Соња Мираковска.

Пред паузата координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара објаснување од Џафери зошто нивните 10 предлог-закони не се нашле на дневен ред на 71 седница.

– Очекував дека дневниот ред на оваа седница ќе го дополните со предолг-законите поднесени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, затоа што во четвртокот поднесовме 10 законски решенија, по скратена постапка. Во одредени закони има измена на само еден збор. На пример, во Законот за земјоделство и рурален развој, покрај пченицата како стратешка култура, предлагаме да стои „и оризот“. Вие ќе ми кажете дека овој збор „и оризот“ на службите им треба да го преведат пет дена? Тоа нема да биде одговор, рече Мицевски.

Тој рече дека, согласно Деловникот, законите по скратена постапка, се поднесуваат повеќе од три дена пред почетокот на седницата и оти обврска на претседателот на Собранието е приоритетно да бидат преведени законските решенија, кои треба да бидат составен дел од седницата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека материјалите ги примил на 6 мај, во петокот. Тој рече дека, согласно Деловникот, предлог законите ги разгледал во рок од три дена и ги дал да се преведат.

– Почитувани граѓани, мотото на транспарентот „Активен бојкот за национален спас“, еве кој ви е спасот. За предлогот на дневен ред денеска се пријавени 37 пратеници за да „ве спасат, за наредните три дена да работиме само на усвојување на дневниот ред. Е толку ве мислат, рече Џафери.

На почетокот на седницата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ застанаа пред претседателот на Собранието Талат Џафери со транспарент „Активна блокада за национален спас“, по што тој ги повика да седнат на своите места.

На дневен ред на 71 седница се неколку годишни извештаи, повеќе предлог-закони, главно од областа на финансиите и одбраната, како и предлог – одлуки.

Next Post

Паркинг за кутриња

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk