Предвремени избори заради политичка агенда се непринципиелни, зашто тогаш мандатот како поим губи смисла, и истото важи и кога власта би барала избори само заради политички опортунитет, и кога истото го прави опозицијата, изјави за ФРОНТЛАЈН аналитичарот Петар Арсовски.
Аровски истакна дека дополнителен бојкот на институциите и општеството само ќе ја влоши и онака комплицираната ситуација.
Во услови на повеќеслојна криза, дополнителен бојкот на институциите и општеството само ќе ја влоши и онака комплицираната ситуација. Тоа секако ќе блокира некои законски решенија, и само ќе го направи менаџирањето на ваквите кризни состојби покомплицирано, рече Арсовски.
Единствена легитимна причина за предвремени избори е доколку целиот систем толку се блокира што тие стануваат неизбежни, а предвремени избори заради политичка агенда се непринципиелни потенцираше Арсовски.
Во принцип, единствена легитимна причина за предвремени избори е доколку целиот систем толку се блокира што тие стануваат неизбежни. Предвремени избори заради политичка агенда се непринципиелни, зашто тогаш мандатот како поим губи смисла, и истото важи и кога власта би барала избори само заради политички опортунитет, и кога истото го прави опозицијата, изјави аналитичарот Арсовски за Фронтлајн.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера ја почна, како што велат, активната блокада на Собранието, со истакнување на пароли пред собраниската говорница.
Мартина Ацковска