ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Во време на глобални кризи остануваме посветени на реформската агенда

May 11, 2022 17:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во време кога глобалните и европските економии се соочуваат со најголемите предизвици во изминатите неколку децении, почнувајќи од кризата предизвикана од Ковид-19, а проследена со енергетската криза, ценовните притисоци и војната во Украина, тоа на што сите мора да останеме посветени, особено економиите во развој како нашата, е да продолжиме со реализацијата на реформската агенда и спроведување на структурни реформи. Ова го порача министерот за финансии Фатмир Бесими во онлајн обраќање на Годишното собрание на ЕБОР, што се одржува во Маракеш, Мароко, jaвува МИА.

Притоа, како што соопшти Министерството за финансии, Бесими потенцира дека со оглед на предизвиците со кои се соочува светот, вклучувајќи ги и климатските промени, кои се сериозна закана за општеството и економијата, „зелените проекти“ и ориентацијата кон зелена економија се високо на агендата, но, исто така, ориентирани се и кон користење на придобивките од модерната технологија и дигитализација и на тој начин создавање синергија и подобрување на продуктивноста.

Во насока на поттикнување на економскиот развој на државата и спроведување на реформската агенда, министерот го истакнал значењето на Планот за забрзан раст, како и поддршката што ја добива земјава од ЕБОР.

– Европската банка за обнова и развој, од 1993 година, веќе речиси три децении, е дел од процесот на градење модерна, конкурентна, пазарно-ориентирана економија, кон што се стреми Република Северна Македонија. Со 158 проекти кои придонесоа и ќе придонесат за зголемување на конкурентноста на нашата економија, поврзувањето со регионот и влез во ЕУ, како и зелената транзиција, со право можеме да ја наречеме ЕБОР наш долгорочен и посветен развојен партнер, рече Бесими.

Од Министерството дополнуваат дека во јавниот сектор со поддршка од ЕБОР се реализираат инвестиции во железничкиот сектор и патната инфраструктура, во енергетската инфраструктура, во модернизација на опремата за воздухопловна навигација, јавниот транспорт, пречистителни станици, додека преку кредитни линии ЕБОР е присутна и во поддршка на приватниот сектор, особено за зголемување на конкурентноста на малите и средни преторијатија, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

– ЕБОР дава значајна поддршка на нашата земја на патот на евроинтеграциите, а дел од соработката со ЕБОР се одвива и во подобрувањето на инвестициската клима, поттикнувањето на меѓународната трговија, соработката со државните претпријатија во енергетскиот и инфраструктурниот сектор, сè до зајакнување на нивното корпоративно управување, се вели во соопштението.

Министерот во обраќањето потенцирал дека оваа поддршка на ЕБОР во нашата земја, како и реализираните инвестиции во целиот свет, придонесуваат кон промена на условите за живот на милиони жители и дека треба да се продолжи и во иднина да се придонесува кон подобрар живот за граѓаните.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Одбиено обвинението против Максим Димитриевски, обвинителството се откажа од обвинението

July 3, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Ребалансот на буџетот: Луксуз и долгови – се земаат пари од граѓаните за да се покрие луксузот на Владата

July 3, 2025

Герасимовски: Во мојот мандат Центар доби целосна поддршка за урбаната велосипедска култура

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk