На прашањето од ФРОНТЛАЈН – Кој е ставот на Владата за најновата изјава на црногорскиот премиер Абазовиќ дека се залага за регионалната иницијатива „Отворен Балкан“?, портпаролот Арсовски истакна дека ставот на претседателот на Владата на Црна Гора е за поздравување и почит бидејќи Отворен Балкан носи само придобивки за народите од Западен балкан и ги европеизира државите.
За тоа кои се можните последици од блокадата на ВМРО-ДПМНЕ за работата на Собранието, Арсовски вели дека активна работа, а не активна блокада е она што му треба на Собранието.
Отворен Балкан има политика на постојано отворена врата за земјите од регионот. Ставот на претседателот на Владата на Црна Гора е за поздравување и почит бидејќи Отворен Балкан носи само придобивки за народите од Западен балкан и ги европеизира државите. На самитот на оваа иницијатива кој што ќе се оддржи во јуни во Северна Македонија ќе бидат поканети и лидерите на Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Косово, рече Арсовски.
За тоа кои се можните последици од блокадата на работата на Собранието врз економијата и политичката стабилност на земјата?, Аровски потенцираше дека дваесетина квалитетни закони од интерес на граѓаните и државата веќе се блокирани.
Политичарите треба да ги решаваат проблемите, а не да бојкотираат и блокираат. Со блокади не се решаваат проблемите. Дваесетина квалитетни закони од интерес на граѓаните и државата веќе се блокирани. Непопречувани институции и активно вклучување на сите политички субјекти за изнаоѓање на начини за задржување на животниот стандард тоа е што го очекуваат граѓаните.
Арсовски истакна дека активна работа, а не активна блокада е она што му треба на Собранието. Тој додаде дека тоа е местото каде што треба да се носат закони и соодветни решенија за справување со кризата.
Во услови на најголема енергетска криза не треба да има застој во исплатата на плати, пензии и друга финансиска поддршка за граѓаните, приватниот сектор и најпогодените гранки се финансиски поддржани. Се работи на обезбедување доволно енергенси за претстојниот период. Тоа се дел од приоритетите и не се потребни блокади во една вакваа ситуација. Активна работа, а не активна блокада е она што му треба на Собранието. Тоа е местото каде што треба да се носат закони и соодветни решенија за справување со кризата, рече Арсовски.
Владата смета дека е неодговорно да се блокира држава во време на криза. Тоа се ретроградни активности кои што се спротивни на интересите на граѓаните и на државата, изјави Арсовски.
Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа денеска одржаа прес-конференција за 44-та седница на Владата каде беа донесени одлуките дека нема продолжување на учебната година, се укина одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед и обезбеден е грант за реконструкција и опремување на 50 училишни спортски сали.