ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Денисова: Повеќе од еден милион Украинци биле депортирани во Русија

Оние кои „не успеваат“ во таквата филтрација, а руската ФСБ ги смета за „осомничени“ поради нивните проукраински ставови, контакти итн., се испраќаат во Доњецк или Докучаевск.  Денисова вели дека не се познати точните бројки но таа зборува за околу 20 илјади луѓе задржани во различни кампови.

May 12, 2022 11:32
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Фото: Објавено од Petro Andriushchenko

Фото: Објавено од Petro Andriushchenko

Share on FacebookShare on Twitter

Украинската комесарка за човекови права, Људмила Денисова, на 9 мај објави дека речиси 1,2 милиони Украинци се однесени во Руската Федерација, оваа бројка вклучува и  200 илјади деца. Додека Русите тврдат дека ги „евакуираат“ луѓето, се верува дека многумина се однесени против нивна волја или со  измама, и често се транспортирани во најнегостопримливите делови на Руската Федерација.

На брифингот со новинарите, Денисова зборуваше за методите на таканаречената „филтрација“ што ги користат руските напаѓачки сили. Како што беше објавено претходно, тие вклучуваат принудување на луѓето да се соблечат за да ги проверат тетоважите со „сомнителна“ проукраинска содржина и детално испитување на контактите и содржината на мобилните телефони. Сите автоматски се прашуваат за нивното мислење за таканаречената „специјална воена операција“, како што Русија ја опишува нејзината целосна инвазија на Украина, пренесува Kharkiv Human Rights Protection Group.

Оние кои „не успеваат“ во таквата филтрација, а руската ФСБ ги смета за „осомничени“ поради нивните проукраински ставови, контакти итн., се испраќаат во Доњецк или Докучаевск.  Денисова вели дека не се познати точните бројки но таа зборува за околу 20 илјади луѓе задржани во различни кампови.

Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, претходно даде детали и видео снимки од два „филтрациони логори“ во селата Безимен и Козатске. Тој објасни дека околу две илјади мажи од окрузите Хулино, Мирни и Волонтеривка беа држени против нивна волја во ужасни услови повеќе од еден месец.

Оние кои се сметаат за „неверодостојни“, рече тој, се испраќаат во поранешната поправна затворска колонија во Оленивка (во рамките на „ДПР“) а тајниот затвор “Изолијација бр. 52“ во Доњецк е местото каде што ги сместуваат роднините на воени лица, поранешни членови на органите на разузнавање, граѓански активисти, новинари, како и секој што е оценет како „сомнителен“, на пример, поради патриотски тетоважи. Минималниот рок на затвор е 36 дена, со тоа што терминот е наменет за т.н. ‘филтрација’.

Просториите се преполни, со капацитети наменети за 850 луѓе каде има најмалку 3000 лица. Тие што се затворени таму немаат доволно вода и храна, а можат да користат тоалет еднаш дневно. Сето ова е додека се подложени на повеќечасовно испрашување; тортура; закани за егзекуција и обиди да се принудат да соработуваат. Некои имаат среќа и се ослободуваат по 36 дена, откако биле принудени да потпишат какви било документи што се ставени пред нив. Изворите на Андриушченко не можат да кажат какви се тие документи, но се претпоставува дека станува збор за согласност за соработка. Тој забележува дека има огромен број случаи каде што луѓето едноставно исчезнуваат по сослушувањето, а се зборува дека тие биле испратени во уште полоши затвори, вклучително и “Изолијација“. Поранешните затвореници го нарекуваат концентрационен логор и дадоа ужасни извештаи за тортурата врз мажите и жените.

Всушност, непосредно пред целосната инвазија, Русија и нејзините полномошници во Донбас најавија целосна „евакуација“ во Русија на сите жени, деца и постари лица од таканаречените „народни републики Доњецк и Луганск“.

Во областите што Русите ги нападнаа во 2022 година, ситуацијата е сосема поинаква. Има значителни докази дека луѓето биле собирани (како што вели Денисова, дури и од подрумите каде што се криеле од бомбите) и однесени со автобуси. Дури и ако некои се согласеа да одат, тоа било единствениот начин да се преживее.

Денисова известува дека се формира меѓународна комисија со учество на правобранители за човекови права во земјите кои ги делат границите со Русија.

На 12 април, градските власти на Мариупол објавија „покана“ издадена од Русите со цел да ги натера жителите на Мариупол да се населат во Сибир, Сахалин или други места каде Русија има тешкотии да најде луѓе за работа. Тие забележаа дека Русија прво уништува успешен и топол град на Азовското Море, а потоа ги вози жителите во Сибир или Сахалин да работат како евтина работна сила. „Па, како ова се разликува од политиката на Хитлер?“, праша Денисова.

Различни украински и западни медиуми разговараа со луѓе кои или самите биле однесени во Русија против нивна волја. Весникот „Inews“ со седиште во Велика Британија на 7-ми мај објави дека открил мрежа од 66 кампови во кои Русија испратила преживеани од Мариупол. Студијата, спроведена од Дин Кирби, зборуваше за илјадници Украинци кои се „испратени во оддалечени кампови до 5.500 милји од нивните домови.

Превод: Жорж Димовски

Next Post
фото: МИА

Експлозија во хемиска фабрика во Словенија, над 10 повредени лица

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk