ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Дерала: Успешно спроведување на „Едно општество за сите“ е гаранција за стабилност и безбедност на државата

May 12, 2022 12:13
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Успешното спроведување на концептот „Едно општество за сите“ е гаранција за стабилноста и безбедоста за државата, изјави Џабир Дерала, во гостувањетно на Утрински брифинг.

Анализите на ЦИВИЛ на Стратегијата „Едно општество за сите“ упатуваат на заклучокот дека Владата настојува да ги промовира вредностите на толеранцијата, правичноста, еднаквите можности, признавање на различностите, мултикултурализмот и интеркултурната комуникација. За тоа, во Утрински брифинг зборуваше Дерала.

Имавме многу позитивна средба со Ковачевски. Позитивно изненадување е затоа што не очекувавме дека во вакво кризно време ќе се најде толку време за оваа тема. Разговаравме за три големи теми, како што се мултикултурализмот, изборните реформи и дезинформациите во контекст на украинската криза, што се извонредно битни теми за кои разговаравме час и половина. Сфативме дека Ковачевски, иако перцепцијата за него е дека тој е фокусиран само на економијата и дека пристапот му е технократски, тој многу добро ја разбира стратегијата и мултикултурализмот. Мора да се знае дека Стратегијата е гаранција за безбедноста и стабилноста на нашето општество. Тој не троши пари, но многу враќа, па дури и во економијата на подолг рок, потенцира Дерала.

Политичкиот проект Едно општество за сите, како национална стратегија, е дел од обврските и на Националниот координатор за интеркултурализам и едно општество за сите, Роберт Алаѓозовски, кој е и координатор на телото за мултикултурализам.

Забележуваме дека поголем проблем за спроведување на стратегијата има на пониски нивоа, каде што сѐ уште има остатоци од претходниот режим. Во последниот период можеме да забележиме подобрување на кохезивноста и интерсекторската соработка во Владата, вели Дерала.

Дерала дополнува дека меѓународните фактори многу добро ја разбираат важноста на Стратегијата за стабилноста и безбедноста на земјата, бидејќи пропагандните центри прво ќе се обидат да ја разбијат кохезијата на општеството.

Една од петте препораки што ги испорачавме до Владата преку Ковачевски е дека Едно општество за сите како содржина не е доволно застапена во јавноста. Од друга страна и интересот на медиумите е слаб. Ако сега разговаравме за меѓуетничка тепачка, сите ќе сакаа да слушаат и гледаат. Можеби ќе треба и ние да го смениме аголот. Затоа јас ја ставам безбедноста на општеството на прво место. Ако нема заедништво, ќе има меѓуетничко насилство и насилство меѓу различни групи, истакна Дерала.

Next Post

Експресен: Шведска идната седмица ќе достави барање за членство во НАТО

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Приведени раководни лица од „Комунална хигиена“

October 27, 2025

Зголемување на цените на горивата од полноќ

October 27, 2025
Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус му врачи отказ на Тудор

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk