ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Медведев: Санкциите кон Русија ќе доведат до низа кризи и судири во светот

Поранешниот руски претседател и близок сојузник на актуелниот шеф на руската држава посочува дека поради санкциите кон Москва ќе има енергетски, логистички, прехранбени и други кризи во светот.

May 13, 2022 11:25
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев во текст насловен „Петок 13. Што ќе биде понатаму или Светот по антируските санкции (воопшто не е прогноза)“ наведува дека следат низи кризи и судири и уривање на идејата за свет фокусиран на Америка.

Поранешниот руски претседател и близок сојузник на актуелниот шеф на руската држава посочува дека поради санкциите кон Москва ќе има енергетски, логистички, прехранбени и други кризи во светот.

– Како резултат на тоа, ќе се создаде нова безбедносна архитектура во која постојните реалности ќе бидат де факто, а потоа де јуре ќе се препознаваат: а) слабоста на западните концепти за меѓународните односи како што се „редот заснован на правила“ и друго бесмислено западно ѓубре, б) колапс на американско-центричниот свет; в) присуство на интереси кои ги почитува светската заедница во оние земји кои се во акутна фаза на конфликт со западниот свет, истакна Медведев.

Тој потенцира дека санкциите кон Русија ќе доведат до уништување на многу глобални синџири на снабдување и оти е можна голема логистичка криза, вклучително и колапс на странски авиокомпании, на кои им беше забрането да летаат над руска територија. Тој исто така предвидува и енергетската криза.

– Цената на фосилните горива ќе продолжи да расте, а развојот на дигиталната економија во светот ќе забави, посочува Медведев.

Според него санкциите ќе имаат негативно влијание и врз глобалниот финансиски состав, што ќе резултира со евентуална монетарна и финансиска криза и галопирачка инфлација.

Медведев наведува дека следат и нови регионални воени судири, а терористите ќе бидат се поактивни бидејќи западните власти се насочени кон пресметка со Русија.

Најверојатно ќе има и нови епидемии предизвикани од одбивањето на фер меѓународна соработка во санитарната и епидемиолошката сфера или директните последици од употребата на биолошко оружје, посочува Медведев.

Тој заклучува дека „ќе се создадат нови меѓународни сојузи помеѓу земјите засновани на прагматични, а не идеолошки англосаксонски критериуми“./МИА/.

Next Post
Џабир Дерала

Сѐ си кажа Мицкоски, а и Данела ја пушти низ вода

EVN

НАЈНОВО

Скриншот

Уапсен братот на кралот Чарлс III: Првпат во модерната историја приведен висок член на британското кралско семејство

February 19, 2026

СДСМ: Извештајот на Вајц е нова потврда – власта ја турка Македонија во изолација

February 19, 2026

Вајц: Северна Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

February 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Федерер е најголемиот тенисер во историјата, но Ѓоковиќ е најдобриот, смета Крајичек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 19 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто му е на Мицкоски потребна ‘еврофобија’ во Македонија? 

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: Обидот на Жерновски да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски ја праша Митева: Ќе се пренасочат ли средствата за авионот кон минималната плата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk