Денеска на повеќе локации низ Скопје анонимни активисти поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во Македонија.
На истите, во продолжение се напишани и народни поговорки чија цел е да ја посочат штетноста и неморланоста на лажењето. Ако земеме предвид дека дефиницијата на дезинформациите е – Пропагандистичко намерно ширење на лажни информации кои имаат за цел да ги збунат и погрешно да ги наведат луѓето, тогаш сосема е логична употребата на народните поговорки посветени на лагата, во борбата против дезинформациите.
Авторите на инсталациите го вртат вниманието на јавноста на некои од најзлонамерните дезинформации кои во последните години се шират во нашата јавност. Една од нив е лагата дека со Преспанскиот договор со Грција сме станале Северномакедонци. Зато авторите на инсталацијата запишале дека на лагата и се кратки нозете, а долги опашките.
Вистината е дека со овој договор граѓаните на државата останаа Македонци, а нивниот јазик и идентитет- македонски. Единствено само името на државата е Северна Македонија, но во таа држава живеат Македонци. И ова е прифатени од сите меѓународни институции, вклучитечлно и Обединетите Нации.
Д. Е.