ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Со антикризните мерки успешно се справуваме со увезената инфлација и ценовните притисоци

May 14, 2022 17:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Ковачевски посочи на фактот дека инфлаторните движења во сите европски држави се идентични и тие произлегуваат од зголемената цена на енергенсите на светските пазари, од зголемените цени на храната но и од зголемените цени на суровините, со што дополнително се зголемува цената на транспортот и на производствените трошоци на преработувачката индустрија во секој сегмент.

Тој дополни дека е во постојаната комуникација и координација со Министерството за финансии и Народната Банка на Република Северна Македонија за соодветно адресирање на инфлаторните движења преку фискалната политика, кои ги вклучуваат и 26-те мерки кои опфатија намалување на даноците, односно на приходите на државата, со цел да се намали ценовниот притисок,  односно да нема зголемување на цените на електричната енергија, на горивата и на основите прехранбени производи.

„Сега секојдневно во Министерството за финансии се прават анализи до кога тие мерки се издржливи и на каков начин ќе бидат модифицирани со оглед на тоа што не смееме да ги доведеме производствените капацитети во ситуација да мора да работат со загуби бидејќи во тој случај ќе станат неликвидни и до сега одлично се менаџира тој процес“, истакна премиерот Ковачевски.
Премиерот Ковачевски ги посочи и останатите мерки како што е планот за зголемување на производството на храна во државата, во чии рамки веќе се доделува државно земјиште за дополнително производство на жито во државата.

„Ме радува што на повикот за дополнителни 6.000 хектари имаше дупло поголем број на побарување од страна на земјоделците. Ги зголемивме субвенциите за производство на стратешки култури бидејќи во изминатите 30 години ова производство беше напуштено. Како држава да се вратиме на основните прехранбени суровини, односно да произведуваме жито, јачмен, сончоглед, она што секоја држава го прави особено во услови на криза бидејќи тоа се културите кои што се најмногу потребни и кои што нашите земјоделци знаат добро да ги произведуваат“, нагласи премиерот Ковачевски.

Тој потенцираше дека се воведени дополни субвенции за зголемено производство на жито и други стратешки култури и за прв пат од осамостојувањето е предвиден аванс за исплата на субвенции, односно пред отпочнување на работите, тогаш кога најмногу им е потребно на земјоделците, а остатокот ќе се добива согласно со планот за исплата на субвенциите.

 

Next Post

Со 20 милиони денари се реконструира патот од Радовиш до Воиславци

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk