ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

МНР на Г7: Ќе го зголемиме економскиот и политичкиот притисок врз Русија

May 14, 2022 14:35
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за надворешни работи на групата Г7 денеска се договорија да ја зајакнат економската и политичката изолација на Русија, да продолжат со снабдување со оружје и да работат на ублажување на глобалниот недостиг на храна предизвикан од војната во Украина, се наведува во заедничкото соопштение, јавува МИА.

„Ја потврдуваме нашата решеност дополнително да го зголемиме економскиот и политичкиот притисок врз Русија, како и да продолжиме да дејствуваме заедно“, се додава во заедничкото соопштение по состанокот на Г7 одржан во северна Германија.

По состанокот во замокот стар 400 години во балтичкото одморалиште Вајсенхаус, министрите за надворешни работи на Велика Британија, Канада, Германија, Франција, Италија, Јапонија, Соединетите Американски Држави и Европската унија, исто така, ветија дека ќе продолжат со воената помош за Украина „се додека е потребно“.

Тие, исто така, порачаа дека ќе се осврнат на „руските дезинформации“ чија цел е да се обвини Западот за проблемите со храната ширум светот поради економските санкции кон Москва и ја повикаа Кина да не и помага на Русија и да не ја оправдува руската инвазија.

Според нив, клучот за зголемување на притисокот врз Русија е забраната или постепеното укинување на руската набавка на нафта. Се очекува следната недела земјите-членки на ЕУ да постигнат договор за ова прашање, иако во моментов има противење од Унгарија.

„Ќе ги забрзаме нашите напори да го намалиме и прекинеме нашето потпирање на руската енергија што е можно поскоро, надоврзувајќи се на обврските на Г7 за постепено укинување или забрана за увоз на руски јаглен и нафта, се наведува во заедничкото соопштение на министрите за надворешни работи на земјите од Г7.

Next Post

Ковачевски: Опозицијата итно да го деблокира законот за тутунарите во Собранието

EVN

НАЈНОВО

Марјан Забрчанец на конференцијата на ЦИВИЛ - Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата, 12 декември 2025 (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Забрчанец: Без силни демократски медиуми, општеството станува лесна мета за пропаганда

January 17, 2026

Чупеска со жесток говор во Собранието: Кривичен законик за елитите, репресија за граѓаните

January 17, 2026

(ВИДЕО) Принцезата Кејт Мидлтон ја прекрши кралската традиција – сама се довезе на прием во Виндзор

January 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Републикански конгресмен предупредува: Воена акција на САД врз Гренланд би значела крај на мандатот на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Oвде едноставно не може да му се прости на човек кој спечалил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 16 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мачадо му ја предала медалата за Нобелова награда на Трамп за рушењето на Мадуро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk