ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Со Јадранско-јонската иницијатива политички и економски го јакнеме регионот

May 16, 2022 18:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ, денеска учествуваше на седмиот годишен Форум на макро-регионалната Стратегија на ЕУ за јадранскиот и јонскиот регион (EUSAIR), кој се одржува во Тирана, Албанија, информира МИА.

Како што соопштија од СЕП, на заедничкиот министерски состанок, министрите задолжени за фондовите на ЕУ, членките на ЕУСАИР и министрите одговорни за ЕУ, на кој учествуваше Маричиќ, беа разменети добри практики, беше споделена политичката визија и насоката на спроведувањето на ЕУСАИР, како и приоритетите за реализација во следниот период.

– Инструментите како ЕУСАИР се додадена вредност на процесот на проширување каде што земјите-пристапнички во ЕУ се претставени на рамноправна основа со земјите-членки на ЕУ и воспоставуваат позитивна соработка меѓу нив и ги пренесуваат добрите практики и искуства во регионот на Западен Балкан, истакна вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ, како што се посочува, потенцирајќи го значењето на оваа стратегија за соработката и синергијата помеѓу земјите во поширокиот Јадранско-јонски регион, ја истакна потребата од уште поблиска соработка меѓу европските земји, за зајакнување на односите на ЕУ и нејзините земји-членки со земјите од Западен Балкан и што е најважно, забрзување на процесот на пристапување во ЕУ за регионот.

– Посилниот и поотпорен Западен Балкан сам по себе води кон посилен и поотпорен јадрански и јонски макро-регион, што ја прави Европската Унија посилна и поотпорна, додаде Маричиќ.

Вицепремиерот и национален ИПА координатор учествуваше и на панел – дискусијата посветена на европската интеграција на Западен Балкан и Зелената агенда.

Во однос на Зелената агенда која произлегува од Европскиот зелен договор, вицепремиерот Маричиќ истакна дека Владата се погрижи клучните реформи кои произлегуваат или се меѓусебно поврзани со Зелената агенда да бидат интегрирани во клучните плански документи, како оние поврзани со помошта од ЕУ, односно Стратешкиот документ ИПА III, како и во релевантните национални стратегии за претстојниот период.

– Реалното спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан е можно преку спроведување конкретни активности и иницијативи на национално и на локално ниво преку реформи кои бараат големи финансиски средства – од националните буџети, како и поддршката што ја дава ЕУ преку ИПА и другите инструменти со кои располага останува да биде најсигурен извор на финансирање, посочи Маричиќ.

Тој потенцираше дека Економскиот и инвестициски план на ЕУ предвидува значителен износ за проекти на земјите од Западен Балкан за транзиција кон зелена енергија, климатска акција и други сектори, како и дека новиот пакет ИПА III за програмскиот период 2021 – 2027 година издвојува околу 100 милиони евра за нашата земја, надополнети со други извори достапни преку регионалните инструменти и дополнети со други јавни и приватни инвестиции.

– Со оглед на околностите во Европа и војната на континентот, мораме да го земеме предвид влијанието на прераспределбата на средствата на ЕУ за Западен Балкан во помош за Украина, што сигурно ќе ја намали финансиската поддршка за инвестициската агенда. Ова бара од нас да се прегрупираме и да ги поставиме приоритетите за да се адаптираме на најновата финансиска состојба на ниво на ЕУ, рече вицепремиерот Маричиќ

На состанокот беше усвоена и Декларација во која еден од анексите потврдуваат дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува геостратешка инвестиција во стабилна, силна и обединета Европа и ги препознаваат досегашните напори на Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ врз основа на процесот на пристапување заснован на заслуги и условеност, со барање за охрабрување на земјите-членки на ЕУ да го забрзаат патот кон ЕУ за земјите од Западен Балкан, особено со одредување датум почеток на преговорите со Албанија и Северна Македонија за време на француското претседателство, како и доделување на кандидатски статус на Босна и Херцеговина што е можно поскоро.

Северна Македонија стана дел од Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион во 2020 година, и активно учествува во регионалната соработка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
фото: dailysabah.com

Шведска и Финска добија поддршка од своите нордиски соседи ако некој ги нападне

НАЈНОВО

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска маршираа по 27. пат

October 18, 2025

До 20:30 часот гласале 7.935 болни или немоќни лица, а до 18:30 часот 1.400 лица кои издржуваат казна затвор или притвор

October 18, 2025

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk