Во окупираниот Херсон, на улиците повторно се појавија антируски плакати. Жителите на окупираниот Херсон продолжуваат да веруваат во вооружените сили на Украина. Украинците не се сомневаат дека по добивањето на нова воена опрема од земјите на НАТО и ЕУ, украинскиот воен персонал ќе започне поактивни операции во јужниот правец,, пренесува украински Диалог.
Локалните патриоти и покрај окупацијата продолжуваат со „партизански“ акции. Во текот на ноќта тие поставија многу летоци и постери во Херсон, информира Telegram каналот „Hu*vy Kherson“.
Тие уште еднаш ги потсетија руските војници дека вооружените сили на Украина се веќе блиску. Локалните патриоти го цртаат и украинскиот грб на ѕидови, огради и други згради, потсетувајќи ја руската армија дека тука не се добредојдени.
Во тој контекст, вооружените сили на Украина, веќе го нанесоа 20-тиот артилериски напад врз Чернобаевка.
Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека сè уште не е позната точната бројка на уништена воена опрема на непријателот. А Арестович, советник на шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, рече дека Руската Федерација изгубила 30% од својата армија само заради заземањето на Попасна, Херсон и борбите во областа Луганск.
Превод: Жорж Димовски