Нови четири јавни огласи за дополнителни 4.294 хекатри државно земјоделско земјиште, до три хектари, во сите 31 регион во државата, поминаа денеска на владина седница.
Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, земјиштето е за сите намени – долгогодишни насади (лозја, овоштарници), оранжерии, маслинарнции, пчелни семејства,….
Николовски најави и дека до крајот на мај се подготвуваат уште два огласа за доделување државно земјоделско земјиште над три хектари – едниот за одгледување сточна храна, а вториот за сите останати намени согласно Законот за земјоделско земјиште.
-Нашата цел е зголемено домашно производство. Секоја педа од земјиштето ќе биде ставена во функција, подвлече Николовски.
Според него, интерсот за првиот оглас е огромен, пристигнале рекорден број апликации.
-Комисијата заседава, а јавното наддавање за тоа кој ќе склучи договор, ќе биде закажано за следната недела. Тоа што интересот е оргомен, покажува дека се доделуваат атрактивни парцели и тоа ќе влијае на домашното производство, напомена министерот.
Тој информира и дека денеска е направена првата исплата на дополнителните субвенции на 1.066 корисници кои набавија вешатко ѓубре. Исплатени им се околу 15 милиони денари преку Интервентиот фонд.