На место викано „Живкова карпа” во Куманово синоќа во 21.50 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(35) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од една година и девет месеци, а бил осуден на пет години и шест месеци за сторени кривични дела по член 201 и 236 од Кривичниот законик.
Од МВР денеска информираа дека лицето било предадено во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување на казната./МИА/