ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Жед за власт, по секоја цена

Целта на антидемократските центри на моќта: уривање на демократските институции и инсталација на автократски и корумпиран режим кој цврсто ги контролира финансиите, медиумите, судовите и полицијата. Колку подолго трае една демократска власт, толку антидемократските структури се понервозни и понасилни. И секој ден се закануваат со радикализација.

May 18, 2022 10:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Партиите во една коалиција на власт имаат обврска да ја водат земјата низ големите предизвици со кои таа се соочува, не да исполнуваат желби на оние што се жедни за власт. Жедните за власт, ако ѝ мислат добро на државата, треба да работат на исполнување на својата агенда – да дојдат на власт на редовни избори. Колку и да се жедни. Во меѓувреме, власта има обврска да обезбеди нормално функционирање на највисокото законодавно тело, Собранието, за да функционира државата.

Македонската демократија постојано е предизвикана од злоупотребата токму на демократските инструменти. Наместо креативни и конструктивни решенија за надминување на тешките состојби, како глобално, така и регионално и локално, општеството и државата се во постојан грч пред деструктивната офанзива на радикалната националистичка десница која, меѓу другото, се рекламира како левичарска или центристичка. Не мора посебно да се образложува дека таквото позиционирање е само една тешка и мрсна – дезинформација. Нивното дејствување многу често е во иста линија со антизападни политички, криминални и воено-разузнавачки структури и инсталации во земјата.

Со други зборови, жедта за власт е толку голема, што не запираат ниту пред загрозувањето на државните и јавните интереси. Напротив, државните и јавните интереси им се простор каде што можат да уценуваат и да се закануваат, тоа им носи политички профит. Секогаш, откако ќе разурнат сè што им е на патот до моќта и парите, ќе се најде некој по нив да зачисти и поправи. Барем така се навикнати.

Опозицијата го блокира парламентот на тој начин што со тоа ја блокира државата, не (само) власта. Го блокира нормалното функционирање на институциите и ги потценува граѓанките и граѓаните, нивните интереси и определби. Не си прават ни себеси услуга, бидејќи, во случај да им успее операцијата за преземање на власта, тие ќе наследат разнишани институции и граѓанско незадоволство. Кога во земјата владее демократски амбиент, политичката криза подразбира одговорност не само на власта, туку и на опозицијата.

Зошто никој не го разбира ова? Или, разурнати институции е вистинската цел? Ако се погледне политичкото дејствување на опозицијата, заклучокот е тој. Целта на антидемократските центри на моќта: уривање на демократските институции и инсталација на автократски и корумпиран режим кој цврсто ги контролира финансиите, медиумите, судовите и полицијата. Колку подолго трае една демократска власт, толку антидемократските структури се понервозни и насилни. И секој ден се закануваат со радикализација.

Во пропагандата на антидемократските структури и инсталации нема логика и здрав разум. Нивното оружје се стравот и манипулацијата. Оттаму, нивната „стратегија“ се сведува на неуморно и непрекинато повторување на истите ставови и барања.

Едно од најомилените барања на македонската десничарска опозиција е барањето предвремени избори. Тие постојано бараат предвремени избори. Не е претерување ако се каже дека дента по изборите што ги изгубиле, тие обвинуваат дека изборите се украдени (инаку специјалност на режимот на Груевски). И бараат предвремени избори.

Неуморно повторуваат дека ништо не е како што треба, дека им се украдени гласови, дека власта нема легитимитет, дека лошо работи, дека тие се подобри. Сите се предавници, освен тие. Сѐ додека не им се допадне резултатот, тие ќе бараат предвремени избори. Но и кога би се дошле на власт, тие наскоро потоа креираат „ситуација“ дека се потребни предвремени избори.

Зошто?

За да го продолжат своето владеење до недоглед.

Како?

Тие добро знаат како да ја задржат власта на избори што тие ги организираат. Со организиран разбојнички напад на системот, ситуација попозната како изборна кражба.

Рецептот не го измисли Груевски, само го применуваше најдобро што можеше и ги држеше својата партија, општеството и државата под цврста контрола. Тоа го постигнуваше со национализам, поларизација, политичка корупција и клиентелизам, структурно насилство и – предвремени парламентарни избори. Кога „човечињата“ ги фаќаше „за уши“ и ги носеше право на теледиригирано гласање…

(продолжува, за жал)


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk