ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Срамота и гревота е што им се прави на децата

За добробитта на децата се одговорни како властите на национално и локално ниво, така и сите партии, родителите, медиумите и граѓанските организации. Без оглед на политичката ориентација и позиција!

May 19, 2022 10:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Помина една година од немилите и срамни сцени во кои „антидигиталците“ протестираа со барања да се вратиме во времето на Кременко. Отпорот кон (обидот за) образовните реформи на тогашната министерка за образование, Мила Царовска, ги покажа сите грди страни на политиката. Покажа колку образовните реформи биле неопходни уште во времето кога „антидигиталците“ биле во прво одделение. Ја разоткри до најситни детали злонамерната и подмолна националистичката пропаганда на познатите политички структури во земјата.

Како да им беа малку неволјите со пандемијата, требаше и овие „конзерви“ да им го загорчат животот на децата. Па референдуми, па протести, па маршеви, прес конференции, прогласи, тролање, „пишчење, вришчење“… Апсурдно до болка.

Треба да ги запаметиме овие ликови, но да не заборавиме и кој стои зад нив.

Штрајкови, лоши учебници, градинки…

Во меѓувреме, децата си седеа дома и за време на штрајк во кој социјалната правда беше на последно, а партиските интереси на прво место.

Дигитални, печатени или фотокопирани, сеедно – учебниците од кои учат децата не личат на ништо. Тоа не се учебници што на децата им даваат знаење. За предрасудите по сите основи што зрачат од нив и да не говориме. Лектирите (поголем дел од нив) им се по програма од пред најмалку 30 години. Се немаше доволно време, човечки ресурси или храброст? Сеедно, последиците се тука, вткаени во конституцијата на децата и на целото општество.

И децата во градинките не се поштедени. Тие и нивните родители станаа жртви на самоволието и погрешните политики (најблаго речено) на повеќе градоначалници. Каква и да им е целта, партиски реваншизам или други интереси, непримерно и нечесно е да се скрши тоа од грбот на најмладите.

Кој е одговорен?

За добробитта на децата се одговорни како властите на национално и локално ниво, така и сите партии, родителите, медиумите и граѓанските организации. Без оглед на политичката ориентација и позиција!

Иднината на општеството и државата се крои сега, преку децата. Каква сакаме да бидеме иднината зависи од тоа што ќе направиме сега, денес.

Срамота и гревота е што им се прави на децата. И на иднината.


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

Next Post

Британско МO: Путин отпушта високи команданти поради воени неуспеси

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026

November 15, 2025

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

November 15, 2025
Фото: Maria Oswalt / Unsplash

Во САД извршена уште една смртна казна: 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за тројно убиство

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk