ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Што со децата што ќе бидат испишани од градинките во Карпош, а се од Ѓорче Петров, загрижени родители бараат решение од надлежните

Ќе си подмириме финансиски сè што должиме, но доброволно да пополниме документација, за жал, нема да го направиме тоа. Ова се прави кога две страни договорно се одлучуваат за раскин на договор, во овој случај едната страна носи одлука“, пишува во реакцијата на родителите. 

May 16, 2022 12:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжува сагата на родителите коишто имаат деца коишто се запишани во градинките во Карпош, а според адреса на живеење се од други општини, и до 10 јуни мора да бидат испишани. Во мејлот којшто пристигна во редакцијата на ФРОНТЛАЈН пишува дека родителите веќе добиле инструкции за испис на децата, но повторно апелираат до надлежните институции и градоначалниците на Карпош и Ѓорче Петров да се излезе во пресрет и да се најде решение за статусот на овие дечиња.

„Би сакале да побараме од сите инволвирани страни да излезат и дадат предлог решение, зашто она што го видовме изминатите денови беше нафрлање на други проблеми што ги има секоја општина со цел да се одвлече вниманието на реалниот проблем, а тоа е безпрекулозното испишување на децата од градинките…Ќе си подмириме финансиски сè што должиме, но доброволно да пополниме документација, за жал, нема да го направиме тоа. Ова се прави кога две страни договорно се одлучуваат за раскин на договор, во овој случај едната страна носи одлука“, пишува во реакцијата на родителите. 

Според родителите, најдобро е сите инволвирани страни да седнат на маса, да се договорат што и како понатаму и потсетуваат дека сите народни претставници се поставени да наоѓаат решенија за проблемите на оние коишто што ги довеле на таа позиција, а тоа е народот.

„МТСП изминатите денови изјави дека не е педагошка мерката и воедно предупреди на кршење права и обврски согласно потпишаните договори, па би сакале да ја искористиме приликава и ги прашаме што планираат да преземат во врска со тоа, зашто очигледно планот на општината е да го направи токму тоа“, пишува во реакцијата на загрижените родители. 

Од Општина Ѓорче Петров, минатата недела сопштија дека се свесни за недостатокот на капацитети во градинките и дека интезивно се бара решение.

„Во Ѓорче Петров над 500 деца се на листа на чекање во градинките. Приемот во градинка се одвива по пат на електронска пријава и процесот во целост се почитува. Сите 5 објекти на градинката „Росица“ се со капацитет од 730 деца. Во моментов се згрижени 805 деца со одлука на Совет за зголемување на бројот во групите.

Од Министерството за труд и социјална политика во одговор за Фронтлајн посочија дека „не е педагошки децата кои веќе ги посетуваат градинките да се отстранат од воспитните групи и од градинката, а општината Карпош може да ограничи прием и упис на нови деца од други општини“.

„Бидејќи децата кои се примени во предучилишните установи во општина Карпош, а се од други општини, уредно се примени од страна на јавните установи за што родителите и установите склучиле важечки договори, веќе посетуваат градинка подолг период некои и од раѓање, и сметаме дека не е педагошки да се отстранат од воспитните групите групи и од градинката, а општината Карпош може да ограничи прием и упис на нови деца од други општини“, пишува во одговорот на МТСП за Фронтлајн. 

Според одлуката на Општина Карпош, поради големиот број на деца од други општини, од коишто најмногу,  над 200, според градоначалникот Стевчо Јакимовски, се од Општина Ѓорче Петров, нема да биде дозволено запишување во градинките на територијата на Карпош, затоа што во оваа општина за упис чекаат над 300 деца коишто живеат во Карпош.

Исто така, во одлуката се вели дека веќе запишаните деца кои посетуваат градинки во Карпош, а се со адреса на живеење во друга општина, до 10 јуни треба да бидат отпишани. Јакимовски рече дека нема намера да ја менува одлуката.

Во меѓувреме, останува нерешен и неизвесен статусот на оние дечиња кои од 10 јуни нема да можат да ги посетуваат ниту градинките во Карпош, а ниту во Ѓорче Петров, а листите на чекање за упис се долги и во двете општини.

И. Т. Зaфировска

Next Post

Идриса Гана Геј не сака да ги носи боите на виножитото на дресoт?

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk