ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Родители реагираат откако Општина Карпош побара испишување на деца од градинки до 10 јуни, доколку не се од општината

Зарем ова е најважниот проблем со кој се соочува општината? Зарем дечињата со нивните чисти души кои само сакаат да посетуваат градинка се главниот проблем на општината?, реагира засегнат родител.

May 11, 2022 08:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во понеделникот (09/05/2022 година) до градинките во општина Карпош е доставен допис (од општина Карпош) во кој се бара од дечињата кои веќе се запишани во некоја од градинките во општина Карпош, а се со место на живеење во некоја друга општина да „се испишат од градинката најдоцна до 10.06.2022“, пишува во соопштението на загрижени родители.
„Родителите на дечињата кои посетуваат градинка во подрачјето на општина Карпош со самото запишување на дечињата имаат потпишано Договор, кој сега општината се обидува да го поништи со носење на бесмислена Одлука“, пишува во реакцијата на родител.

„Зарем ова е најважниот проблем со кој се соочува општината? Зарем дечињата со нивните чисти души кои само сакаат да посетуваат градинка се главниот проблем на општината?

Каде се правата на децата загарантирани со Законот за заштита на деца (објавен на официјалната страна на Министерство за труд и социјална политика  https://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/zakoni/2018/198%202018%20ZAKON%20ZA%20ZASTITA%20NA%20DECATA%20%20%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%20%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%82-converted.pdf каде во член 4 недвосмислено стои:

„Во примената на одредбите од овој закон се тргнува од принципите на заштитата на правото на живот и развој на детето, заштитата на најдобриот интерес на детето, обезбедување на минимум стандард за секое дете под еднакви услови, исклучување на каква било форма на дискриминација, почитување на правото на детето на слобода и безбедност на личноста, на сопствено мислење и слободно изразување, здружување и образование, услови за здрав живот и остварување на други социјални права и слободи на детето.“

Зарем со оваа Одлука, согласно Закон не се прави дискриминација на детето (по основ на место на живеење) и не се прекршува правото на детото за здружување и образование?
Иако одлуката е донесена на 20.04.2022, истата е доставена до градинките на само еден месец пред „истекот на ултиматумот од градоначалникот Стефчо Јакимовски“, притоа оставајќи ги засегнатите родители пред свршен чин, без никакви опции. Срамота за градоначалникот, срамота за советот на општина Карпош!“ реагира родителот.

Реакција притигнаа и од група на загрижени родители. Во истата се вели:

„Во услови на светска криза каде секое семејство е соочено со предизвиците на инфлација, општина Карпош им врти грб на една од најранливите категории на семејства, млади родители кои во борбата за егзистенција а во отсуство на достапни места во градинките во своите општини побарале спас запишувајќи ги своите деца во дел од градинките на оваа општина.

Ние како загрижени родители повикуваме на солидарност од страна на општината која досега излегла во пресрет на многу наши сограѓани. Верувајте ние не би ги носеле нашите деца по неколку километри во градинките на општина Карпош доколку не би биле принудени од недоволниот број на слободни места во општините во кои живееме.

Воедно би сакале да испратиме апел до Владата да преку Министерството за образование реагира и најде решение за овој проблем на неколкуте стотици семејства затечени од оваа одлука.

Во услови на светска криза каде државите членки на Европската Унија преку мерки се обидуваат да им помогнат на своите граѓани, ние се соочуваме со ситуација каде поради една избрзана одлука егзистенцијата на многу семејства се става во ризик.

При носење на оваа срамна одлука избраните од народот советници забораваат кој највеќе ќе биде затечен од оваа одлука, а тоа се децата наши. Сите ние знаеме колкав предизвик е, и колку е болно едно дете да се одвои од родителот и да се навикне на нова средина како што  градинката, нашите деца го поминаа тој пат за да сега бидат буквално оставени на милост и немилост на еден систем кој се надеваме ќе профункционира конечно за интересот на граѓаните.

Доколку истиот тој систем не остави на цедило, тоа ќе биде срамен чин пред се за оваа општина но и за Владата на една земја претендент да стане членка на Европска унија.

Размислете драги наши сограѓани, членови на совет на општина Карпош, каква порака испраќате до сите оние млади брачни парови кои сакаат да започнат свое семејство, нека размислат и Премиерот и Владата каква порака се праќа до младите брачни парови кои се иднината на оваа наша земја“, реагираат загрижени родители.

За потсетување, градоначалникот Стевчо Јакимовски, во предизборието на локалните избори, најави дека децата кои не се од Општина Карпош ќе бидат испишани од градинките, поради, како што рече тој, многу деца од Карпош чекаат да бидат примени во градинките од општините, иако се од Општина Карпош и би требало да имаат предност.

И. З.
Next Post

Зеленски ја пофали „натчовечката сила“ на украинските војници

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

August 5, 2026

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk