ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Како во нападот врз сопствената држава загина македонската нација

May 21, 2022 14:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Секогаш кога ќе го видам камионот на Водовод и канализација во нашето маало, јас знам дека Македонија е жива, функционална и ефикасна.

Доаѓаат побргу од доставувачите на пици и сендвичи.

Од веста што го минува растојанието меѓу две барања за предвремени избори.

Мислите дека претерувам?

Не, другари.

Отчепувањето на канализацијата што со тежок ментален запек ја затнуваат Македонците, не е мала работа.

Како и анкетите и дијагнозите на Фејсбук.

Секогаш кога ќе го отворам тоа чудовиште на социјалната катастрофа, ме засипува со купишта докази дека нацијата е болна.

Тешко болна.

Можеби-мртва.

Во организираниот и стимулиран напад врз државата (ова ли е држава, да ти ебам државата, Филипче-Менгеле, доктори убијци, превртени контејнери, исечени дрва, пожари…) нацијата успеа да се убие самата себе.

Не би рекол дека тоа е за жалење.

Исчезнувањето на македонската нација ќе се одбележува како триумф на модерната екологија.

Замислете го светот што функционира во ритамот на музиката за игра.

Без Мицов, Сотир, Жмицко, Коцарев, Биљана, Хер Флик Милошоски, Кекеновски, Николовски, Сиљановска, Пандов, Софија, Сузана, Дибекот….

Проста маса која пред пет години реши да ја одработува агендата на вмро-дпмне затоа што мислеше дека учеството во битката против државата ќе ѝ биде хонорирано од нејзините (на државата) остатоци ако власта успеат да ја паднат пред државата да ја умрат.

Бранителите ја убија Македонија.

Затоа што ја бранеа пеејќи: „Тата, купи ми ауто, бицикл и ромобил…“

Манифести, желби, плачки, тажачки…

Како на гробишта.

Чив бил Гоце.

Ништо без корени.

Хахаха.

Па купете си корени.

Жен шен, да речеме.

Немојте да крадете корени.

До израз дојде доминантниот белег на државотворниот капацитет на Македонецот.

Отсуството.

Македонецот не се прашува што тој може да стори за државата (Кенеди) или што државата може да стори за него (Гомбрович), туку се прашува кај може да најде цигла со која ќе ја чека државата на првиот свиок.

Во надеж дека ќе успее да стигне до неговиот чек-поинт пред претходните циглари да ѝ земат сѐ.

Или да ја ликвидираат.

Ако е банката народна, народот има право да ја опљачка преку оцрнување и преку директен упад.

Обаче, во тие страшни, неразумни, космички глупави меропријатија, наеба општеството.

Наеба нацијата.

Не ја идеализирам државата, таа е далеку од нивото кое треба да се адмирира, но таа е супериорна во однос на луѓето.

Македонија би можела да биде сосема пристојна држава за Холанѓаните.

Или за Британците.

Во однос на своите културни политички морални финансиски и историски потенцијали, Македонецот ја има најубавата и најдобрата држава на светот.

Неверојатно е како ја има.

И како успеал да ја направи.

Или да му ја направат.

Повеќе не сум сигурен.

Таа тајна е поголема од тајната на изградбата на пирамидите или на вселенските шари во Перу.

Тој однос е доведен до својата максимална напрегнатост.

Може да се случи дефакторизираниот народ, десубјективизираната нација, обезмоќеното општество, кое функционира само уште како крекетирачка жабарска музика од барата на Фејсбук, да ја повлече во бездната и државата, а може и државата со своите политики да ја врати нацијата од оваа флотантна и безвезна форма во минимум кристална димензија.

Да се оформат три гимназии и е ден универзитет кои за десет години би произвеле нова елита.

Тоа е идеја на професорот Зец за Србија, но јас мислам дека по многу строги стандарди,  со апсолутна елиминација на партиските просерувања и идиоти, тоа би можело да произвведе некаква надеж.

Слични импресии добивам и кога ќе чујам дека е осудена нова група односно старо-новата група вморонски бандити. Практично целото политбиро на Здружениот злосторнички потфат на вмро-дпмне. Понекогаш мислам дека се борат да дојдат на власт затоа што не можат да се сетат на полесен начин како да завршат на суд, во „Шутка“ и во „Идризово“.

Како Миле.

Или Сашо, Орце и Николче.

Како Гоца.

Не е лесна таа битка со нестварното зло.

Со неговите правосудни и други инсталации поставени низ државата како нагазни мини.

И со блокадите на секој чекор.

Како е можно толку години нацијата да биде фасцинирана од најстрашното зло и од најпримитивната понуда како алтернатива.

Вмро!?

Јебало вас вмро во сите деноминации.

Во сите, затоа што сите се за нас Македонците исти курац.

Отров.

Етнички, национален и меѓународен отров.

Има и други показатели кои говорат во прилог на државата.

Решавањето на спорот со Грција и членството во НАТО, новите крупни чекори кон решавање на статусните прашања на МПЦ (институција која во реалниот свет, значи, надвор од симболичките значења, се јавува како инструмент на македонското ропство, на опстојот во ропството, како оркестар за народни песни и ора на турнеја низ Австралија, како фактор во обликувањето на ропскиот геном, на македонскиот идиотизам и глупантропство, не како македонска, затоа што како таква никогаш не постоела, туку како православна, што е дополнителен аргумент кон горните тврдења, нешто слично што таткото и учителот на Хрватите, Старчевиќ и Радиќ, го тврделе за католичката црква во однос на Хрватите) успешното функционирање на сите потсистеми, на институциите, но поважно во овој вовед ми е да ја нагласам драстичната разлика меѓу судбината на државата и судбината на народот, посебно на Македонците.

Кој курац сме ние.

Што остана од нас.

Не е проблемот во тоа  дали некој нас не прашува за нешто туку во тоа што ние не го знаеме одговорот.

Ние се доближуваме до точката на која Македонецот ќе успее да стане синоним за будала.

За тежок глупак.

Луѓето на запад ќе ги плашат децата: Немој да ми бидеш ко Македонец!

Грубо кажано: државата е здрава, а нацијата е болна.

Можемо ли нешто учинити, а да не уништимо вмро?

Не!

 


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зеленски: Добар знак е што Русите конечно почнале да размислуваат за прекин на војната, но првиот чекор е прекин на огнот од 12 мај

May 11, 2025
Фото: ЕПА / МИА

Макрон за предлогот на Путин: На ​​безусловен прекин на огнот не му претходат преговори

May 11, 2025

Mаж од кичевско со секира ги нападнал родителите, таткото починал

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk