ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерката Петровска заедно со синдикатите ги усогласи измените за подобар Закон за служба во Армијата

May 21, 2022 17:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Домот на Армијата во Скопје оствари заедничка средба со претставниците на Независниот синдикат на одбраната, Синдикатот на одбраната и безбедноста, Независниот синдикат на професионалните војници на Македонија,  Независниот синдикат на професионални војници – СО, и Иницијативниот одбор на армиските пензионери, на која беше постигната согласност околу предлог измените на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Како што соопштија денеска од МО, Петровска им упатила благодарност на сите претставници на синдикатите за нивните предлози и сугестии кои ги дадоа во текот на интензивниот дијалог со министерката во изминатиот период, во насока на подобрување на измените и дополнувањата на Законот, со цел унапредување на правата и статусот на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија.

– Заедно сме обединети за иста цел. Преку интензивните дискусии што ги имав со вас дојдовме до предлози кои значајно ќе ги подобрат правата на нашите припадници, како што се усогласување со минималната плата, а тоа значи линеарно зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал, правото на остварување на пензија ќе биде со навршување на 40 години работен стаж односно 38 за жените без оглед на возраста, а ќе се изврши и нова пресметка за активниот воен и цивилен персонал кој правото на пензија го стекнал од денот на формирање на Армијата  во висина од 80 проценти во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж, рече Петровска.

Во однос на отпремнината како можност за професионалните војници со навршени 45 години возраст, во износ од 1000 евра за секоја година помината во Армијата, се појаснува во соопштението, новиот предлог согласно барањето на Синдикатите е износот да биде две просечни плати но не помалку од 1000 евра, со што е оставен простор за повисок износ.

– До предлагањето на измените на Законот на барање на Синдикатите, Министерството за одбрана се обврза да ја провери можноста правото за земање отпремнина да се прошири на професионалните војници со навршени 45 години кои се задржани како помошно технички персонал во Министерството, и да утврди дали условите за пензионирање на припадниците на Армијата може за важат за војниците распоредени по навршувањето на 45 години во други институции, се наведува во соопштението од МО.

Дополнително министерката Петровска презела обврска да отвори уште една можност за професионалните војници со навршени 45 години – тие да бидат дел од реформата на Системот за управување со кризи, да бидат опфатени со Законот за критична инфраструктура и Законот за вработени во МО.

Предлог измените и дополнувањата на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија беше повлечен од страна на министерката Петровска со цел да биде дополнет и доставен до Собранието како заеднички производ, креиран преку еден инклузивен процес  на Министерството, Генералштабот и синдикатите на одбраната.

Во текот на следната седмица овој предлог Закон ќе биде доставен до Владата за понатамошна постапка.

Next Post

Бачовски: Блокадата на Собранието сериозна пречка за субвенциите на тутунарите

НАЈНОВО

Две малолетнички тешко повредени, паднале од електричен тротинет

November 16, 2025

Убиена 79 годишна жена во Штип, убиецот ја закопал во дворот

November 16, 2025

Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ВИ актерка

    (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk