ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Евроскептицизмот е друго име за диктатура и пљачка

Сите влади кои дојдоа, сите нè опљакаа. Пљачката ја правдаа со „евроскептицизам“. Или има уште едно помодерно оправдување: антиглобализам. Што во превод значи: да влеземе вакви какви што сме, и уште да нѝаплаудираат! Да завршам: Што е исходот на ваквите дегенеративни процеси? Стратешка антиевропска политика: шифра - „не сакам да одам кај таа курва Јевропа“.

May 23, 2022 13:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Ги гледам речиси „сите“ дебати на аналитичарите и новинарите-тупсони (ех, што сум безобразен!) како зборуваат на тема „за Европа“, што во дополнителен превод значи: ништо не може да го промени тој вечен рутински тон на селскиот поп, ама затоа лицата ми делуваат така поспано кога мудруваат дека „Македонија нема да влезе во Европската унија уште за многу, многу години“.

И не им е особено мрско тоа што го велат, би се рекло дека повеќе зборуват утешно, отколку што зборуваат во манирот на предупредување, а секако не им претставува ниту манир за жалење.

Оти тој е патриот (да, дури и кога мисли за себе дека е прогресивен и демократичен), тој звучи како патриот во една  земја која е во конфузија. Од таквата перспектива се претпоставува дека тој (аналитичарот/новинарот-тупсон!) би знаел што зборува. А знае ли? Па, тоа е големо прашање. Да речеме дека неговата изјава е разумна и оправдана – од неговата точка на гледање.

Македонија денес е во прогресивна парализа; кога мислам на „Македонија“, мислам на нејзиното општество и заедница која е во некаква состојба на конфузија. Нашите огромни проблеми во политиката и економијата, суштинската немоќ и парализа на културата, условени се со непостоење на цивилизирано (и цивилно) општество на чие место е поставена именката „Македонија“ – онаа апстрактна заедница која ја нарекуваат „Македонска“ – и уште поапстрактна држава која постои во меморандуми, резулуции, романи и песни, бидејќи на списокот на европски држави нашата ја нема.

Вие, почитувани, може да се лутите, да негирате, да врескате до небо – каква е таа држава која само ја има на документ, меморандум или некаква блесава резолуција?

Македонија функционира единствено во екстремни ситуации: во војни, во пљачка и во природни катастрофи. Нема, имено, вистинска држава без вистинска нација, а родовска заедница која функционира на „крвна врска“ и псевдомитологија, подложна е на нестабилност, релативност и привид, од проста причина што повеќе припаѓа на светот на животните (читај, природата!), отколку на светот на духот преку кој вистински може да се создаде една држава и нација.

Ние не сме собрани тука како духовни личности, туку сме собрани како биолошки организми, единки. Во такви заедници се губи моторот на напредокот – принципот на слободна личност – а граѓаните наместо субјекти стануваат објекти, збирни именки, атоми на материја кои во суштина не постојат. Да се обидам да опишам во две точки.

Првата кобна грешка: националната припадност кај нас е поистоветена со припадноста на православното христијанство, така што тоа предизвикува двојна штета: црквата е контаминирана со етнофилетизам; од тогаш наваму универзализмот на заповедите на Христа потиснати се во корист на релативизмот од „националните интереси“. Следствено, Црквата како место на духовна наобразба станува профана, додека духовното се преместува во областа на профаното, па и ден денес слушаме психотични врескања за светата македонска земја.

Другата кобна грешка се состои во тоа дека Европската Унија ќе се распадне. Добро, вие можеби се чудите на ваквиот „неконвенционален увид“, ама работите треба да се набљудуваат „длабински“, низ оние интерактивни теоретичари „за идентитетот“, „за Европа“ и слично.

Космолошки гледано, сигурен сум дека Европа ќе се распадне, дури мислам дека е осудена на пропаст, и дека кога-тогаш ќе се растече во ништожност. Меѓутоа, не е нужно тоа да се случи пред да и’ самиот Европски континент исчезне, како што ќе исчезне и самата планета Земја, после извесен број на милиони години ова место ќе се претвори онака како што ни сами нема да го препознаеме. И на кое „инвестиционата клима“ ќе биде крајно неповолна на долг рок.

На крајот на краиштата, еден ден ќе исчезне и Млечниот пат, а по се’ изгледа дека и нашaта галаксија е конечна, и еднаш неминовно ќе имплодира, ќе се издува како балон, или како точно се нарекува таа форма на „урушување во ништожност“? Со други зборови: патриотите од нивната супериорна позиција на Вечноста, во право се: ЕУ е привремен проект, и како таква не е баш достојна за внимание на една „вечна“ Македонија, земја која се наоѓа во самиот „папок на светот“.

А сега малку озбилно… Извесен број на години, кога некој досаден новинар ќе ги опише патриотите и Европа, тие веднаш ќе одмавнуваат со раката, одмавнувајќи како да бркаат некаква досадна мува: „нема да одиме ние тамо, барем не сега брзо, нема потреба да се занесуваме со тоа“.

Видете, тие не велат нешто оригинално, туку само неталентирано репродуцираат праволински и бурен мислечки ток на човек кој до вечера им беше „шеф“ во „патриотската влада“ (пардон, „државотворно-одговорна влада“ на пљачкашот Груевски; таа флоскула ја конзумира и Мицкоски, и тие ќе биле „државотворна влада“, што предвреме ни се означува со самоизвинување за тоа што повторно ќе не опљачкаат и посрамотат!). Притоа, уште се работи и за една прилично банална манипулација; друго прашање е што баналноста не значи нужно и неефикасност, напротив. Ајде да видиме за што станува збор.

Сите влади до сега, од 90-тите наваму, Македонија доследно ја изместуваа од Матичниот континент (набрзо и од Матичната планета); изминаа 32 години, Македонија се замота како црвец и се прелеа со срам, а политиката на „малиот, смрдливиот потконтинентален фашизам“ посака, со новите трендови од надоаѓањето на XXI век, да се прешминка, да настапи некаков Новоговор. Сите влади кои дојдоа, сите нè опљакаа. Пљачката ја правдаа со „евроскептицизам“. Или има уште едно помодерно оправдување: антиглобализам. Што во превод значи: да влеземе вакви какви што сме, и уште да нѝаплаудираат!

Да завршам: Што е исходот на ваквите дегенеративни процеси? Стратешка антиевропска политика: шифра – „не сакам да одам кај таа курва Јевропа“.

Така е најлесно, ама и трансферот на одговорноста прво оди на погрешна адреса, и второ, така најмалку се приметува. А која е оваа инфлација од лажното тртлање „за Европа“?

Може да биде само една, драг Вотсоне! Секаков сериозен траг за приклучување кон Европа да се прикаже ако не како „предавство“, тогаш како инфантилно сонување кое не води сметка за фактите. А кои се во нашиот случај „фактите“? Тие се произведуваат сами: прво се’ ќе направам земјата да ја оддалечам од Европа (Европа како „метафора“, нели?), а потоа мудро ќе констатирам: нема да одиме во Европа, ако може на Европа да и’ ги земеме парите, ионака е далеку, а ние ќе си ги гледаме „нашите“ работи. А кои се тоа „нашите“ работи?

Форсираме дома евроскептицизам, а потајно сонуваме за диктатура и пљачка. Класичен смрдлив сон за нашиот „потконтинентален фашизам“.


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk